Огнен Вукојевиќ (роден на 20 декември 1983 година, во Бјеловар) — хрватски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Кариера Тој започна да игра фудбал во тимот на Младост Ждралови, пред да потпише за второлигашот Бјеловар. Неговиот талент е заприметен од Прволигашот Славен Белупо во 2003 година и тој потпишува со нив. За Славен одигра 53 меча и постигна 5 гола и во 2005 заминува во странство, каде ќе игра за белгискиот Лирс на една полусезона. Својте нејдобри денови Вукојевиќ ги доживува кога се враќа во Хрватска и потпишува за Динамо Загреб. За загрепчаните сини одигра две и пол сезони од јануари 2006 до 2008 и освои три титули на на државен првак и две титули во Хрватскиот фудбалски куп. За време на овој период, тој станува стандарден првотимец и во Хрватската фудбалска репрезентација, со што станува примамлив и за многу странски екипи. Во мај 2008 тој потпиша за украинскиот Динамо Киев на пет-годишна верност. Веќе во првата сезона тој триумфираше во Украинската лига.

Титули Динамо Загреб Прва ХНЛ : 4 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008, 2014-2015 Куп на Хрватска : 3 2006-2007, 2007-2008, 2014-2015 Суперкуп на Хрватска : 2 2006

Динамо Киев Премиер лига на Украина : 1 2008-2009 Куп на Украина : 1 2013-2014 Суперкуп на Украина : 2 2009, 2011

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Славен Белупо Категорија:Фудбалери на ФК Лирс Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Киев Категорија:Фудбалери на ФК Спартак Москва Категорија:Фудбалери на ФК Австрија Виена Категорија:Живи луѓе Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Родени во 1983 година