Антанија (познато и како Градок или Маркови Кули) — антички и средновековен град во Македонија,Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје 1999, 13. кој се наоѓал на 32 километри источно од Хераклеја, во јужно Мариово,F. Papazoglu, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957, 198 - 199 над Црна Река.

Пред да биде истражен целосно ридот Градот се знаело само дека на месноста Градок или Маркови Кули постоела утврдена населба и базилика од раната антика, доцната антика и средновековна тврдина.

Местоположба

Градот се наоѓа лево од регионалниот пат 1107, пред Расимбеговиот мост, во атарот на селото Манастир.

Се наоѓа на утоката на Лесничка во Црна Река.

Пристап

До месноста може да се дојде преку асфалтниот регионален пат од градот Прилеп. Откако ќе се одмине селото Дуње, а пред Расимбеговиот мост се скршнува лево по земјен пат. На блискиот рид наречен Градот се наоѓаат остатоците од древниот град Антанија, чии остатоци јасно се забележуваат на сателитските снимки.

Опис

Тоа е всушност голем кастел, во кој во неговото јужно подножје се оформила урбана населба. Овој кастел имал обѕидие со кули и порти и една базилика во центарот. Административно градот припаѓал на Македонија I. За локацијата на овој град се пронајдени натписи кои зборувале за Антанија. Вториот натпис, најден во Стоби, помогнал да се лоцира територијата која во раното царско време била врзана за Линк. Според истражувањата на еминентниот македонски археолог Виктор Лилчиќ остатоците и рушевините од античкиот и средновековен македонски град Антанија, кој бил и седиште на епископија, со големи градби на 2 базилики и повеќе други градби, се наоѓаат и се наоѓаат во месноста Градот на рид веднаш над левиот брег на Црна Река во Мариово, a низ него минувал Еригонскиот Пат по кој минал Александар Македонски на враќање од походот против Трибалите.

На висок рид со зарамнето плато наречен Градок има остатоци од бедем широк околу 2 метри, граден од поголеми и помали приделкани камења. На југоисточниот крај на ридот се гледаат остатоци од трикорабна базилика, со димензии од 15 на 8 метри, ѕидана од приделкан камен, тули и варов малтер, од која апсидата и делови од бочните ѕидови се делумно зачувани. На десетина метри југозападно од неа се гледаат остатоци од мала црквичка, градена од истиот материјал и во истата техника. По целата површина на тврдината има остатоци од градби, фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.

Во јужниот и северниот кораб и во северната припрата од базиликата се најдени шест средновековни гробни конструкции.

Доцноантичките објекти припаѓаат на мала населба од IV-VI век, од која во средниот век се обновени дел од фортификацијата и сакралните, стопанските и станбените објекти. Наодите на монета од Јован I Цимискиј, неколкуте ситни примероци на бронзен накит од X–XII век, бројното присуство на фрагменти од средновековни керамички садови и предмети од ковано железо на целиот простор од возвишенијата на брдото го потврдуваат постоењето на тврдината и на дел од објектите низ средниот век.

Антанија и денес останува титуларна епископија, под тековно водство на Партениј Антаниски, игумен на Бигорскиот манастир.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Нови откритија за локалитетот градок во Мариово – наслебата постои од раната антика, Сител

Категорија:Доцноантички градови во Македонија Категорија:Древни градови во Македонија