Света Недела и Света Петка претставува македонска православна црква во туристичката населба Абланица, Општина Берово од десната страна на брегот на Брегалница.
Поради забрзаното урбанизирање на овој предел и формирањето на населбата Абланица, во 2003 година се дошло до идеја за градење на црква. Кога локацијата била одредена, беровски „Алкалоид”, купил плац од 1 декар, од приватно лице и веќе во 2004 година биле удрени темелите на објектот. Храмот се градел 4 години, но со сите инфраструктурни и хортикултурни уредувања, гбиле потребни уште две години за да се освети објектот.Во изградбата на црквата биле вклучени 300 дарители. Црквата ја зографисал Ванчо Чаушовски. Црквата е осветена на 10 октомври 2010 година од струмичкиот митрополит г. Наум.
Наводи
Поврзано Абланица
Надворешни врски Галерија (122 слики)
Категорија:Абланица Абланица Абланица Категорија:Македонската архитектура во 2010 година