Заменките (латински: pronomen) сочинуваат една од неменливите зборовни групи. Заменките се зборови кои ги заменуваат именките или именските фрази. Зборот кој заменката го заменила се нарекува претходник.
За подобро илустрирање на функцијата на заменките е земена следната реченица: „Марија му го дала моливот на Петар“. Сите именки во оваа реченица може да се заменат со соодветна заменка и се добива следното: „Таа му го дала тоа на него.“ Реченицата со заменки е тешко разбирлива и не може лесно да се одреди што сака зборувачот да каже, освен ако именките не биле споменати во претходните реченици од текстот или разговорот.
Видови заменки Класификацијата на заменките е следната:
лична заменка - заменкa којa заменува имe на лице или предмет. подметна заменка е заменка која го заменува подметот во реченицата. формално и неформално обраќање - ова обраќање кон соговорникот разликува неформално (со употреба на заменката „ти“) и формално (со употреба на „вие“). инклузивна и ексклузивна заменка „ние“ - опфаќа кои групи или поединци се опфатени во говорот. Ова го нема во македонскиот јазик. интензивна заменка или познати како „нагласени заменки“ даваат нагласување на именката во реченицата која веќе била напомената. предметна заменка се користи да се замени именката која е предмет во реченицата. Заменки за директен и индиректен предмет Повратна заменка реципрочна заменка предлошка заменка се користи после предлогот во реченицата. дисјунктивна заменка се користи како изолирана или во посебни контексти. експлетивна заменка се користи во случаи каде мора да има заменка/ именка. слаба заменка присвојна заменка се користи да се искаже присвојност. показна заменка се користи да се покаже нешто. неопределена заменка се користи да се искаже нешто што не е определено. дистрибутивна заменка се користи да се посочат единките во една група одделно, не како целина. Негативни заменки се користат да се искаже негацијата во реченицата. односна заменка се користи да се означат лица или предмети кои веќе биле споменати во претходниот текст/ разговор. прашална заменка се користи за прашални реченици.
Заменки во македонскиот јазик
Заменките во македонскиот јазик се делат на три групи: лични заменки, лично-предметни заменки и показни заменки.
Лични заменки број лице подмет директен предмет индиректен предметбез предлозисо предлозидолгакраткадолгакратка присвојна еднина I јас мене ме мене ми менеII ти тебе те тебе ти тебеIIIм.р. тој него го нему му негож.р. таа неа ја нејзе ѝ неас.р. тоа него го нему му негомножинаI ние нас нè нам ни насII вие вас ве вам ви васIII тие нив ги ним им нив
Поврзано Именки Заменки во македонскиот јазик
Наводи
*