Мостот на желбите — мост кој премостува дел од крајбрежниот дел на Охридското Езеро и го спојува центарот на Охрид со еден од најубавиот и најатрактивниот дел на градот, населбата Канео како и плажите Потпеш и Канео. Овој мост при самата изградба наишол на многу негодувања и е подарок на македонскиот стопанственик Велија Рамкоски. Мосото бил пуштен во употреба на 8 септември 2009 година.
Мосото е изграден како потреба за да се скрати патот до Црквата Св. Јован Канео од самиот центар и наместо пат од 1,5 километри колку што треба да се помине преку стариот дел на градот за да се стигне до црквата, сега преку овој мост се потреби само 140 метри колку што е долг мостот. На самиот мост има 12 хороскопски знаци. И според името кое му е дадено на мостот, потребни еда се застане на еден од нив, односно на својот хороскопски знак да се погледне кон езерото према Манастирот Свети Наум и да се замисли желба.
Наводи
Категорија:Мостови во Македонија Категорија:Згради и градби во Охрид Категорија:Македонската архитектура во 2009 година