Endgame е дванаесеттиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Бил издаден на 9 септември 2009, во дистрибуција на Роудранер Рекордс. Метал заедницата го смета за еден од ретките вистински треш остварувања на 21. век.

На овој албум дебитирал гитаристот Крис Бродерик, а бил последен за басистот Џејмс Ломензо. Продуцент бил Енди Снип, а албумот бил тематски насочен на прашања како криминалот, насилството и психичката нестабилност. Сингловите „Head Crusher“ и „The Right to Go Insane“ биле номинирани за Греми, но не го добиле признанието. Албумот бил комерцијално успешен, искачувајки се на 9. место на Билборд 200 табелата, и успевајќи да продаде 150.000 примероци за 6 месеци од неговото издавање во САД.

Список на песни Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, освен нумера 8 во соработка со Крис Бродерик и нумера 9 во соработка со Шон Дровер.

Наводи

Категорија:Албуми на Megadeth Категорија:Албуми од 2009