Соединетите Американски Држави се федерална уставна република, во која претседателот на САД (главен во државата и на чело на владата), Конгресот и судството ја делат власта која е резервирана за националната влада и федералната влада која го дели суверенитетот со државните влади. Со извршната власт раководи претседателот, но таа е независна од законодавната власт. Носители на законодавната власт се двете комори на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом. Судството е составено од Врховниот суд и пониски федерални судови кои ја извршуваат судската моќ. Функција на судството е да го спроведува Уставот на Соеднинетите Американски Држави, федералните закони и регулации. Ова вклучува и решавање на спорови помеѓу извршната и законодавната власт. Изгледот на федералната власт е објаснет во Уставот. Две политички партии, Демократската партија и Републиканската партија, доминираа во Американската политика уште од Американската Граѓанска Војна, иако постојат и други партии. Има големи разлики помеѓу политичкиот систем на САД и оној на другите развиени демократии. Ова вклучува поголема моќ на горниот дом од законодавството, поголем спектар на моќта на Врховиот суд, поделба на моќта помеќу законодавната и извршната власт и доминација на само две партии. Третите партии имаат помало политичко влијание во САД за разлика од другите развиени демократски земји. Федералното лице создадео од Уставот на САД е доминантен облик во Американскиот владин систем. Сепак, многу лица исто така се дел од државната власт и сите тие се предмет на различни единици од локалната влада. Последниве вклучуваат земји, општини и специјални единици. Ова мноштво на надлежности ја одразува историјата на земјата. Федералната влада е создадена од државите кои како колонии посебно се создадени и управувани самите по себе, независно од другите. Единиците на локалната самоуправа се создадени од колонии за ефикасно извршување на различни државни функции. Како што се ширела земјата, така таа признавала нови држави создадени по моделот на веќе постоечките.

Политичка култура Потекло на колониите 300px|мини|Сенатска комора на државата Њујорк Американската политичка култура е длабоко вкоренета во колонијалното исклуство и Американската револуција. Колониите биле исклучителни во европскиот свет, за својата живописна политичка култура, која привлече многу талентирани и абициозни луѓе во политиката. Прво, правото на глас било најпопуларно во светот, бидејќи секој човек што поседувал одредено парче земја имал дозвола да гласа. Додека помалку од 1% од британските мажи можеле да гласаат, поголемиот дел од Американските мажи биле квалификувани за гласање. Иако корените на демократијата биле очигледни, сепак одбраната типично покажала дека социјални елити има и во колонијалните избори. Таа одбрана нагло се намали со Американската револуција. Второ, во секоја колонија широкиот спектар на јавниот и приватен бизнис бил одлучен од страна на избраните тела, особено од собранијата и окружните влади. Тема на главната загриженост и дебатата вклучуваа додатоци за земјиштето, комерцијални субвенции и оданочување, како и надзор на патиштата, сиромашниот релјеф, таверните и училиштата.Поголем дел од времето американците го поминувале во суд, бидејќи многу чести биле приватните тужби. Правните дела се разгледувале од локалните судии и пороти со централна улога за обучување на правниците. Ова ја промовираше брзата експанзија на правната професија, а доминантната улога на адвокатите во политиката била очигледна во 1770-тите, за што потврдуваат кариерите на Џон Адамс, Томас Џеферсон и многу други. Како трето, американските колонии беа исклучителни во контекстот на светот, поради растот на застапеноста на различните интересни групи. За разлика од Европа, каде што кралскиот суд, аристократските фамилии и осованите цркви беа под контрола, американската политичка култура беше отворена за трговци, сопственици на земја, ситни земјоделци, занаетчии, англиканци, презвитеријанци, квакери, Германци, ирци од Шкотска, Јенки, Јоркчири и многу други препознатливи групи. Над 90% од избраните репрезентативци на законодавството, живееа во нивните области, за разлика од Англија каде што често имаше членови на парламентот и отсутни членови на парламентот. Конечно, и најдраматично, Американците беа фасцинирани од републиканизмот и сè повеќе ги усвојуваа неговите политички вредности, кои ги истакнуваа еднаквите права, потребата за доблесни граѓани и злото на корупцијата, луксузот и аристократијата. Ниту една од колониите имаше политички партии од типот на партиите кои беа основани во 1790-тите, но секоа од нив имаше променливи фракции што се натпревадуваа за моќ.

Американска идеологија Републиканизмот, заедно со еден вид класичен либерализам останаа доминантна идеологија. Во главните документи се вклучени Декларацијата за независност (1776 година), Уставот (1787 година), Федералните документи (1788 година), Законот за правото (1791 година) и меѓу другите ,, Гетсбург Адрес” на Линколн (1863 година). Меѓу клучните постулати на оваа идеологија се следниве: • Граѓанска должност:граѓаните имаат одговорност да ја разбираат и поддржуваат владата, да учествуваат на изборите, да плаќаат даноци и да служат војска. • Да се спротивставуваат на политичка корупција. • Демократија: власта е одговорна пред граѓаните, кои можат да ги менуваат претставниците на избори. • Еднаквост пред законот: законот не треба да им дава посебна привилегија на некои граѓани. Владините претставници се одговорни пред законот исто како и останатите. • Слобода на религијата: власта не смее да поддржува или да и се спротивставува на некоја религија. • Слобода на говор: власта не смее преку закон или акции да ги ограничува луѓето, треба да има ненасилни говори со граѓаните и да има пазар на идеи.

За време на основањето на САД, економијата претежно се засновала на земјоделството или мали приватни бизниси, а државните власти ги оставале социјалните прашања на приватната или локална иницијатива. Оваа идеологија на напуштање во голема мера беше дискредитирана за време на Големата депресија. Помеѓу 1930 и 1970-тите, фискалната политика се одликуваше со консензусот Кејнс, време во кое модерниот американски либерализам доминираше без конкуренција во економската политика. Сепак, кон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите идеологијата на напуштање, како што е објаснето особено од страна на Милтон Фридман, станала уште помоќна сила во американската политика. И додека американската социјална држава се прошити за трипати по Втората светска војна, таа кон крајот на 1970-тите се здоби со БДП од 20%. Денес, модерниот американски либерализам и модерниот американски конзервативизам се ангажирани во една континуирана политичка битка која како што опишува Економист се одликува со поголема делба и блискост, но и горка борба на изборите.

Право на глас Правото на глас е универзално кај сите граѓани на возраст од 18 години или постари. Сите држави и областа Колумбија придонесуваат на изборите каде што се гласа за претседател. Сепак, округот, а и другите американски територии како што се Порторико и Гвам, имаат недостаток во застапеноста во Конгресот. Овие изборни единици немаат право да избираат некоја друга политичка фигура надвор од нивните области. Секоја заедница, територија или област можат само да изберат делегат без гласање кој ќе работи во Претставничкиот дом. Правото на глас кај жените стана важно прашање по Граѓанската војна во Америка. По петнаесеттиот амандман од Уставот на САД кој беше ратификуван во 1870 година, со кој им се даде право на афроамериканските мажи да гласаат, неколку женски групи исто така сакаа да гласаат. Се формираа две поголеми групи на интерес. Првата група беше Националното здружение за право на глас кај жените, формирано од страна на Сузан Б. Антониј и Елизабет Кеди Стентот, кои сакаа да добијат право да гласаат на федерално нибо и да извршат притисок за да се направат поголеми владини промени кои ќе им гарантираат на мажените жени да добијат право да имаат и сопствен имот. Втората група беше Американското здружение за право на глас кај жените, формирано од Луси Стоун чија цел беше жените да добијат право да гласаат. Во 1890 година двете групи се споија во Американското национално здружение за право на глас кај жените. Тогаш здружението се мобилизира за да добие поддршка од држава, по држава и до 1920 година деветнаесеттиот амандман од Уставот на Обединетите Нации беше ратификуван и жените добија право да гласаат.

Државна власт Државната власт има моќ да донесува закони кои не се дадени на федералната влада или одбиени од државите според уставот и тоа за сите граѓани. Ова ги вклучува образованието, законот за семејство, законот за облигациони односи и повеќето видови злосторства. За разлика од федералната власт, која има моќ само за оние работи што и се доделени со Уставот, државната власт има наследено моќ која и дозволува да дејствува освен ако нема ограничување од одредбите на една држава или од националниот Устав. Како и федералната власт, така и државната власт е поделена на три дела и тоа: извршна, законодавна и судска. Извршното лице на една држава е гувернерот избран со гласање, кој најчесто има мандат од четири години (иако во некои држави тој има мандат од само две години). Со исклучок на Небраска, која има еднодомна законодавна власт, сите други држави имаат дводомна законодавна власт со горниот дом кој најчесто се нарекува Сенат и долниот дом наречен Претставнички дом, Домот на делегати, Собрание или нешто слично. Во повеќето држави, сенаторите имаат мандат од четири години, а членовите од Долниот дом имаат мандат од две години. Уставите кај државите се разликуваат со некои мали детали, но генерално го следат моделот кој е сличен на оној од федералниот Устав, вклучувајќи ја и изјавата за правата на луѓето и плановите за организирањето на власта. Сепак, државните Устави генерално се многу подетални.

Локална власт Има 89 500 локални власти, кои вклучуваат 3 033 земји, 19 492 општини, 16 500 месни заедници, 13 000 училишни окрузи и 37 000 други посебни области кои се занимаваат со проблеми како што е заштитата од пожар. Локалните власти директно им служат на потребите на луѓето, обезбедувајќи им се од полиција и противпожарна заштита до санитарни кодови, здравствени прописи, образование, јавен транспорт и домување. Локалните избори обично се непартиски, за време на кампањите и владеењето локалните активисти не работат во корист на својата партија. Околу 28%од луѓето живеат во градовите или околу 100 000 или повеќе. Градските власти се најмени од страна на државите, а нивните задолженија ги детализираат целите и овластувањата на општинските власти. За повеќето од големите градови, соработката со државните и федералните организации е од суштинско значење за задоволување на потребите на нивните жители. Различни видови на градските власти варираат во голема мера во целиот народ. Сепак, речиси сите имаат централен совет, избран од страна на гласачите, како и извршно тело кое со помош на разни шефови на оддели управува со градот. Градовите на запад и на југ обично имаат непартиска локална политика. Постојат три општи типови на градските власти и тоа: градоначалник-совет, комисијата и совет-менаџер. Ова се чисти форми , а во многу градови се развиени комбинации од две или три вакви форми.

Градоначалник-Совет