Горно Јеловце — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бојовски Камен, Руски Камен, Осој, Дедебег, Леска, Линиште, Гоедарник, Голем Камен, Меѓуришта, Миладиноа Нива, Миов Дол, Радев Камен, Леништа, Штиројца, Шкала и Илиница.
Историја Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија на Тетовската Каза на Отоманското Царство.
Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Јеловце живееле 710 жители, од кои 390 Македонци и 320 Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 213. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Јеловце имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, стр. 124 – 125.
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Горно Јеловце е дел од Долнојеловска општина (со центар во Здуње) во Горнополошкиот срез и има 57 куќи со 405 жители, Македонци и Албанци.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 25.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Јеловце живеат само 2 жители, Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Родови
Горно Јеловце е македонско село.
Родови во селото се: Радевци (4 к.), Цопаковци (6 к.), Царуски (10 к.) доселени се од селото Ничпур, Горна Река; Дудевци (4 к.) и Буревци (4 к.) доселени се од селото Реч, Горна Река; Сурлевци (6 к.) доселени се од селото Штировица, Горна Река; Кекеревци (3 к.) доселени се од некое село во Горна Река; Фенчевци (4 к.) доселени се од некое село во Полог.
Помуслиманен македонски род: Ковачевци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија, таму предците им биле православни.
Албански род: Мерсимовци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 533 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Долно Јеловце.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главната селска црква; Црква „Св. Мина“ - главната и единствена црква на Горнојеловскиот манастир;
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Будимиров Гроб — средновековна некропола;
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски Горно Јеловце кани амбасадори (Дневник, 26.05.2010) Крштавка по половина век во Горно Јеловце (Утрински Весник, 12.05.2010) Традиција на сучење на врвката за Водици во Горно Јеловце (Kiss TV, 13.01.2013)
Категорија:Села во Македонија Категорија:Гостиварски села Категорија:Села во Општина Гостивар