Џон Китс (31 октомври 1795 — 23 февруари 1821 година) — англиски романтичарски поет. Заедно со Лорд Бајрон и Перси Бисши Шели, тој бил еден од клучните фигури во втората генерација на романтичарското движење, и покрај тоа што неговите дела биле објавени само четири години пред неговата смрт. Иако неговите поеми не биле општоприфатени од страна на критичатрите во текот на живото, неговата репутација се зголемила по неговата смрт до тој степен што конкрајот на 19 век, тој станал еден од најсаканите англиски поети. Тој имал значително влијание врз поети и писатели од различни домени, како на пример: Хорхе Луис Борхес изјавил дека неговата прва средба со Китс било најзначајното литературно искуство во неговиот живот.
Поезијата на Китс се одликува со сензуална метафоричност, најзабележителна во серија на оди. Денес, неговите поеми и писма се едни од најпознатите и најанализираните во англиската литература.
Биографија — рано детство Џон Китс е роден во Мургејт, Лондон на 31 октомври 1795 година, како син на Томас и Франсис Џенингс Китс. Китс и неговото семејство се чини дека го забележале неговиот роденден на 29 октомври, меѓутоа, податоците од крштевањето го даваат 31 како датум на раѓање.Motion, 1997, p. 10.Kelvin Everest, "Keats, John (1795–1821)", Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, 2004 Online (subscription only) Тој бил најстариот од четирите деца што преживеале. Џорџ (1797–1841 година), Томас (1799–1818 година) и Франсис Мери - „Фани“ (1803–1889 година). Друг син бил загубен во детството. Татко му прво работел како коњушарGittings (1968), 11. во коњушниците споени со гостилниците Сван и Хуп , каде што подоцна семејството се задржало неколку години. Китс верувал дека е роден во гостилницата, скромно место на раѓање, но не постојат докази за да се потврди оваа теорија. Денес, семејството Китс во пабот Глоуб го зазема местото на неколку јарди од современата станица Мургејт. Тој бил крстен во св. Ботолф-без-Бишопсгејт и како дете, бил испратен во месното училиште.Motion, 1997, p. 10.Gittings (1968), p. 24.
Неговите родители сакале да ги испратат своите синови да учат во Итон или Хероу, но не можеле да си ја дозволат школарината.Bate, 2009, p. 5.Harrow. Motion, 1998, p. 22.Milnes, 1848. Така во 1803 година, тој бил испратен во одборот на училиштето на Џон Кларк во Енфилд, во близина на куќата на баба му. Малото училиште имало либерален поглед и прогресивна наставна програма, посовремена од поголемите и попрестижни училишта.Gittings (1987), pp. 1–3. Во семејната атмосфера на Кларк, Китс развил интерес за класици и за историја, кои ќе го следат во текот на животот. Синот на директорот, Чарлс Кауден Кларк, имал големо влијание, како ментор и пријател, го вовел Китс во ренесансната литература, вклучувајќи ги Тасо, Спенсер и преводите на Чепмен. Китс е опишуван како променлив карактер, „секогаш во крајности“, оддаден на мрзеливост и тепачки. Меѓутоа, на 13 години, тој започнал да ја насочува својата енергија кон читање и учење, со освојувањето на првата академска награда кон средината на летото во 1809 година.
Во април 1804 година, татко му на Китс починал кога имал осум години, откако си го скршил черепот, паѓајќи од неговиот коњ, кога се враќал од посетата на Џон и неговиот брат Џорџ во училиштето.John Keats, Colvin, S, (1917) Томас починал без да остави тестамент. Френсис се премажила по два месеци, но набрзо потоа, го напуштила новиот сопруг, а четирите деца отишле да живеат со баба им, Елис Џенингс во селото Едмонтон.Monckton Milnes (1848), p. xiii.
Во март 1810 година, кога Китс имал 14 години, мајка му починала од туберкулоза оставајќи ги децата под старателство на баба им. Таа назначила двајца старатели да се грижат за нив, Ричард Абеј и Џон Сендел. Есента, Китс го напуштил училиштето на Кларк за да чиракува кај Томас Хемонд, хирург и аптекар, сосед и лекар на семејството Џенингс и се сместил на таванот над ординацијата на седмата Црковна улица сè до 1813 година. Кауден Кларк, кој му останал близок пријател на Китс го опишал ова како „најмирниот“ дел од животот на Китс.Motion (1999), p. 46.
Рани почетоци Во 1814 година, Китс имал две наследства оставени за него сè до неговиот 21 роденден, 800 долари од наследени од дедо му Џон Џенингс (околу 34 000 во денешни пари), да бидат еднакво распределени помеѓу нејзините живи деца. Изгледа нему не му било кажано за ниедно, откако тој никогаш не се обратил за било кои пари. Историски гледано, честопати вината била префрлана на Абеј како законски старател, но тој можеби и не бил свесен за тоа. Вилијам Волтон, адвокат на мајка му и баба му на Китс, дефинитино знаел и имал должност да му ги пренесе информациите на Китс. Изгледа тој не го направил тоа. Парите секогаш му биле голема грижа и тешкотија, во борбата да не се задолжува и да се пробие самостојно во светот.
Обуката на Китс му одземала голем дел од неговото време за пишување, па така тој почнал да се колеба околу неговата кариера во медицината. Тој се соочил со тежок избор. Првата поема која преживеала била „Имитација на Спенсер“ (An Imitation of Spenser), напишана во 1814 година, кога Китс имал 19 години. Сега, силно воден од амбицијата, инспириран од неговите колеги поети, како што се, Ли Хант и Бајрон и опседнат од семејните финансиски кризи, тој претрпел периоди на депресија. Брат му напишал дека: „Џон се плашеше дека не треба никогаш да стане поет, и ако не стане ќе се уништи самиот себеси“. Во 1816 година, Китс ја добил лиценцата за аптекар, која го окфалификувала за аптекар., физичар и хирург, но пред крајот нагодината, му соопштил на неговиот старател дека се одлучил да стане поет, а не хирург. Иако продолжил со работата и со обуката кај Гај, Китс голем дел од времето посветувал на проучување на литературата, експериментирајќи со формите на стихховите, особено со сонетите од тоа време. Во мај 1816 година, Ли Хант се согласила да го објави сонетот „О, самотијо“ (O Solitude) во неговото списание „Егзаминер“, водечко либерално списание на тоа време. Тоа е прватa објавување на поемите на Китс во печат и Чарлс Каудн Кларк го спомнува како ден за паметење на неговиот пријател, прв доказ за сериозните амбиции на Китс. Тогаш ја започнал Calidore и ја започнал ерата на неговото прекрасно книжевно пишување. Кога се враќал од Лондон, се сместил на ул. Дин бр: 8 во Садарк и се подготвувал за понатамошно проучување со цел да стане член на Кралското здружение на хирурзи. Во октомври, Кларк го запознал Китс со влијателниот Хант, кој бил близок пријател на Бајрон и Шели. Пет месеци подоцна, следува „Поеми“ (Poems), бил објавен првиот том стихови на Китс, кој ги вклучувал и „Стоев на прсти“ (I stood tiptoe) и „Спиење и поезија“ (Sleep and Poetry), од кои и двете биле под силно влијание на Хант. Тие биле критикувани како неуспех, побудувајќи мал интерес, иако Рејнолдс им дал поволни критики во „Чемпион“, Кларк изјавил дека книгата „можеби излегла во Тимбакту“. Издавачите на Китс, Чарлс и Џејмс Олије, се чувствувале засрамено од книгата. Китс веднаш потоа ги сменил издавачите со Тејлор и Хеси на ул. Флит. За разлика од браќата Олије, новите издавачи на Китс биле вљубеници во неговата работа. По еден месец, од објавата на „Поеми“, тие планирале нов том од Китс и му платиле однапред. Хеси му станал постојан пријател на Китс и ги направил просториите на компанијата достапни за да се среќаваат младите писатели. Нивните издавачки листи ги вклучуваат Колриџ, Хејзлит, Клер, Хог, Карлајл и Лемб. Кај Тејлор и Хеси, Китс се запознал со нивниот адвокат кој студирал на Итон, Ричард Вудхаус. Вудхаус, кој ги советувал издавачите во однос на литератуни, како и правни прашања, бил длабоко импресиониран од „Поеми“. Иако забележал дека Китс ќе биде „своеглав, треперлив и лесно преплашуван “, Вудхаус бил убеден во генијалноста на Китс, поет кој треба да се поддржува, бидејќи станал еден од најголемите писатели во Англија. Набрзо откако се сретнале, двајцата станале блиски пријатели и Вудхаус почнал да ја прибира „Китсијана“ (Keatsiana), документирајќи колку што може повеќе за поезијата на Китс, архива која преживеала како еден од главните извори на информации за целата работа на Китс. Предлогот за Китс му бил отфрлен од страна на Бозвел и Џонсон, непрестајно промовирајќи ги делата на писателот, борејќи се за неговиот агол, мотивирајќи ја неговата поезија да се вивне кон поголеми височини. На крај, Вудхаус ќе биде еден од малкуте кои ќе го придржуваат Китс до Грејвзенд за да го почне последното патување до Рим. Покрај лошите критики на „Поеми“, Хант го објавил есејот „Тројца млади поети“ (Шели, Китс и Рејнолдс) и сонетот „Прва анализа на Чапмановиот Хомер“, тој исто така предвидувал големи нешта за во иднина. Тој го запознал Китс со многу значајни луѓе во неговото опкружување, вклучувајќи го и уредникот на Тајмс, Томас Барнс, писателот Чарлс Лемб, диригентот Винсент Новело и поетот Џон Хамилтон Рејнолдс, кој ќе му стане близок пријател. Тој исто така редовно се среќавал и со Вилијам Хејзлит, моќна личност од книжевноста во тоа време. Тоа била одлучувачка пресвртна точка за Китс, поставувајќи го во очите на јавноста како водечка фигура што Хант го нарекол „нова поетска школа“. Во тој период, Китс му пишувал на неговиот пријател Бејли: „Јас во ништо не сум уверен како во светоста на срцевата наклонетост и реалноста на имагинацијата. Она што имагинацијата го зграпчува како Убавина, мора да биде вистинито.“ На крај, ова ќе се премине во завршните стихови на „Ода за грчка урна“: „Убавината е вистина, убавина на вистината – тоа е се / што знаете на земјата и сè што треба да знаете“. Во почетокот на декември, под опојното влијание на неговите пријатели уметници, Китс му рекол на Абеј дека одлучил да се откаже од медицината во полза на поезијата и за да го разбесни Абеј. Китс потрошил многу повеќе на медицинската обука и земал неколку големи заеми коишто не можел да си ги дозволи. Откако ја напуштил обуката во болницата, претрпел серија настинки и несреќен со животот во влажните соби во Лондон, Китс се вселил кај неговите браќа во Вел Вок бр:1 во селото Хемпстед во април 1817 година. Џон и Џорџ го негувале нивниот брат Том, кој боледувал од туберкулоза. Куќата била во близина на Хант и другите од неговиот круг во Хемпстед, како и на Колриџ, кој бил почитуван како постар од првиот бран на романтичарски поети. Во тој период, тој се запознал со Чарлс Вентворт Дилке, Џејмс Рајс и Бенџамин Бејли. Во јуни 1818 година, Китс започнал тура со пешачење низ Шкотска, Ирска и Лејк Дистрикт со неговиот пријател Чарлс Армитејџ Браун. Братот на Китс, Џорџ и неговата жена Џеорџина ги придржувале сè до Ланкастер и потоа продолжиле до Ливерпул од каде двојката ќе емигрира во Америка. Тие живееле во Охајо и во Луисвил, Кентаки сè до 1841година, кога му пропаднале инвестициите на Џорџ. Како и постариот брат на Китс, тие умреле без скршен денар и измачувани од туберкулоза. Не постоело ефикасен третман на болеста сè до 1921 година. Во јули, додека престојувал на осторвот Мјул, Китс фатил лоша настинка и бил прмногу слаб и во грозница за да продолжи со патувањето.“ По неговото враќање на југот во август, Китс продолжил да го лекува Том, изложувајќи се самиот себеси на инфекција. Некои биографи велат дека, токму тогаш туберкулозата, неговата „семејна болест“ за првпат пуштила корени. Том Китс починал на 1 декември 1818 година.
Вентворт Плејс