Самоанци — полинезиски народ кој живее претежно на Самоанските Острови. Мајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик, но добар дел од народот е двојазичен бидејќи англискиот е доста застапен на островите. Поради политичко-историски околности, татковината на Самоанците е поделена меѓу независната држава Самоа и американската територија Американска Самоа.

Во Самоа има околу 188.000 Самоанци според податоците од 2006.Population of Samoa + their flag and capital city. Population-of.com (2006-12-14). Посетено на 2011-08-22. Голем дел од Самоанците живеат надвор од Самоа, претежно во Нов Зеланд (115.000 во 2001) . search.stats.govt.nz и Австралија (39,992 во 2006)2006 Census Table : Australia . Censusdata.abs.gov.au. Посетено на 2011-08-22.

Јазик

Мајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик. Во светот се проценува дека има околу 370.00о самоански говорници, од кои 69% од нив живеат на Самоанските Острови. Во дијаспората, самоанскиот јазик се зборува во Нов Зеланд каде според пописот од 2006 година биле забележани 95,428 луѓе што зборуваат самоански, а имало 141,103 Самоанци. Така, од сите Самоанци во Нов Зеланд, 70.5 % можат да зборуваат самоански, што го прави јазикот четврт најзборуван во државата веднаш зад англиски, маорски и кинески. 66.4 % од Самоанците живеат во Окленд. Според пописот на Австралија од 2006 година, во државата имало 38,525 говорници на самоански, но имало 39,992 Самоанци.

Наводи

Поврзано Самоански јазик Самоа Американска Самоа Полинезијци

Надворешни врски Значајни Самоанци Американска амбасада во Самоа Самоанска култура Култура во Американска Самоа Географија на Американска Самоа

Категорија:Народи во Океанија Категорија:Полинезијци