Биографија или животопис — опис на животот на некоја личност. Поимот биографија доаѓа од грчки bios = жив, живот + graphos = пишува, и се одомаќинил во речиси сите европски јазици. Означува опис на нечиј животен пат. Соодветниот збор на латински е курикулум витае (Curiculum Vitae) — текот на животот. Биографијата е литературно-документарна творба создадена врз основа на веродостојни документи и податоци за животот и работата на некоја личност.
Автобиографија е сопствена биографија, опис на сопствениот живот.
Биографија како тема во уметноста „Пишување на биографија“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 242-243.
Наводи
Категорија:Личен живот Категорија:Книжевност Категорија:Книжевни жанрови