Стефан Ристовски (роден на 12 февруари 1992 во Скопје, Македонија) — македонски фудбалер, играч од одбраната на Динамо Загреб и на македонската репрезентација.

Биографија Тој е постар брат на Милан Ристовски, кој е исто така фудбалер и игра за македонската репрезентација.

Клупска кариера Почетоци Ристовски ја започнал својата фудбалска кариера во својот роден крај Скопје, во екипата на Вардар за која дебитирал со само 16 години. Во јануари 2010 година, на 17-годишна возраст потпишал петгодишен договор со италијанската Парма, но договорот не бил официјализиран додека играчот не наполнил 18 години.

Годините во Италија Ристовски и се прилкучил на Парма во 2010 година, каде играл за Примавера тимот.

На 6 јули 2011, Ристовски бил позајмен на второлигашот Кротоне за кој дебитирал во натпревар од Купот на Италија во кој неговиот тим загубил од Болоња со 4-2.Стефан Ристовски дебитираше за Кротоне Своето деби во Серија Б, Ристовски го направил на 6 јануари 2012 година, влегувајќи во игра на местото на Антонио Мацота во 69-тата минута, во поразот на гостински терен од Бреша со 3-0. Тоа бил неговиот единствен првенствен настап за Кротоне, а кон крајот на истиот месец бил позајмен на Фрозиноне во Лега Про.Стефан Ристовски на позајмица во Фрозиноне Во екипата на Фрозиноне, тој бил редовен стартер во пролетниот дел од сезоната, но клубот имал разочарувачка сезона завршувајќи на осмото место и надвор од борбата за влез во Серија Б.

Откако ја завршил сезоната со Фрозиноне, во текот на летото, Стефан бил проследен на нова позајмица овојпат во екипата на Бари. На 25 август 2012 година го направил дебито за Бари во победата со 2-1 на домашен терен против Читадела. Сезоната ја завршил со 20 настапи (15 како стартер), без постигнат гол и заработил три жолти картони.

Следната сезона (2013-2014) ја поминал на заем во новопромовираниот клуб Латина кој бил важна станица за Ристовски бидејќи бил стандарден во почетниот тим и имал можност да игра во континуитет и да се афирмира. Дебито во сино-црниот дрес го направил против Авелино на домашен терен (1-1) на 31 август 2013 година. По доаѓањето во клубот на новиот тренер Роберто Бреда, Ристовски станал стандарден првотимец по десната страна од теренот во формацијата 3-4-1-2, играјќи како бек-крило. Иако одбранбен играч, тој одлично се снашол на новата позиција и бил многу корисен и во нападот на својот тим по десната страна со опасни пробиви и центаршутеви, додека Масахуду Алхасан истото го правел по левата страна, па Латина имала повеќе постигнати голови по нафрлени топки од било кој друг клуб во лигата. На 22 јануари 2014 година, Ристовски го постигнал својот прв гол во Серија Б во својата кариера, носејќи му победа на својот тим против Емполи во третата минута (93) од судиското продолжение со прецизен удар со глава одблиску на втората статива по нафрлената топка на Алхасан. Во следното коло по неговиот корнер во 61. минута, Марсело Котафава го постигнал водечкиот погодок во ремито 1-1 против Авелино. Својот втор гол во сезоната го постигнал во победата со 4-1 над Новара, исто така, на домашен терен. Со добрите игри во текот на оваа сезона, тој дал голем придонес за одличното трето место на Латина, но тимот за малку не успеал да избори влез во Серија А. Во финалето на плејофот, Латина била поразена од Чезена со вкупен резултат од 4-2, а Ристовски играл и во двата натпревари. Сезоната ја завршил со 37 првенствени настапи (вклучувајќи го и плејофот), 3 гола и 3 асистенции и еден настап во Купот на Италија.

Летото 2014 година, Ристовски се вратил во Парма и бил повикан за натпреварите од претсезонската турнеја. На 31 август, тој дебитирал во Серија А во поразот на гостувањето кај Чезена со 1-0, влегувајќи како замена на местото на Матија Касани во 82. минута. На тој начин, Ристовски станал четвртиот македонски фудбалер кој заиграл во Серија А, по Дарко Панчев, Горан Пандев и Агим Ибраими. Во следното коло, Ристовки дебитирал на домашен терен како стартер и го одиграл целиот натпревар во кој Парма загубила од Милан со 4-5, но во 79. минута направил груба грешка, враќајќи ја топката назад кон својот голман, со што му дозволил на Жереми Менез да ги доведе росонерите во водство со 5-3. Откако не успеал да се избори за место во почетната постава на Парма, во јануари 2015, Ристовски се вратил во Латина на заем до крајот на сезоната 2014-2015.Ristovski e Shekiladze sono nerazzurri uslatinacalcio.it Сезоната ја завршил со 6 настапи за Парма и 19 за Латина.

Риека На 7 јули 2015 потпишал за екипата на Специја, но веднаш бил позајмен на хрватската Риека до крајот на сезоната, како резултат на партнерските односи меѓу двата клуба и честата размена на играчи. Ристовски дебитирал за Риека на 19 јули 2015 во натпреварот против Славен Белупо (3-3), a својот прв гол за клубот го постигнал на 29 ноември 2016 во победата со 3-1 на гостувањето кај Локомотива Загреб во Купот на Хрватска.ВИДЕО: Ристовски со гол во победата на Ријека за пласман во полуфиналето од Купот gol.mk

Во сезоната 2016-2017, со клубот ги освоил хрватското првенство и Купот на Хрватска.

Спортинг Лисабон

На 7 август 2017, Ристовски потпишал за Спортинг Лисабон. Дебитирал во новиот дрес на 12 септември, во победата со 2-3 на гостувањето кај Олимпијакос во натпрвар од Лигата на шампионите, влегувајќи од клупата за резерви во завршните минути од средбата. Во првенството дебитирал на 5 ноември, играјќи како стартер во ремито 2-2 против Брага. И покрај тоа што во првата сезона малку добивал простор за игра, следната сезона Ристовски станал прв избор на позицијата десен бек по заминувањето на Кристијано Пичини. Во Спортинг останал до почетокот на 2021 година и освоил два Лига купа на Португалија.

Динамо Загреб На 2 февруари 2021, Ристовски потпишал за Динамо Загреб за непознат износ.STEFAN RISTOVSKI POTPISAO ZA DINAMO!, GNK Dinamo Zagreb, објавено 2 февруари 2021, пристапено 20 август 2022 Дебитирал за модрите на 13 февруари во победата со 1-0 над Осиек на Максимир во Прва ХНЛ, но на тој натпревар добил два жолти картони и бил исклучен во 77-мата минута од натпреварот.Modri u drami srušili Osijek i ostali na vrhu: Gosti nisu iskoristili igrača više, Večernji list, објавено 13 февруари 2021, пристапено 14 февруари 2021

Репрезентативна кариера Своето деби за Македонската фудбалска репрезентација Ристовски го направил на 10 август 2011 година, на натрпеварот против Азербејџан. Својот прв погодок за репрезентацијата го постигнал на 11 јуни 2017, против Шпанија, во поразот со 1-2 во Скопје во квалификациите за Светското првенство 2018.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 25 февруари 2019.

СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-јан. 2012 Кротоне Б 1 0 КИ 1 0 - - - - - - 2 0 јан.-јун. 2012 Фрозиноне 1Д 12 0 КИ+КИ-ЛП - - - - - - - - 12 0 2012-2013 Бари Б 20 0 КИ 1 0 - - - - - 21 0 2013-2014 Латина Б 33+4Плејоф. 2+1 КИ 1 0 - - - - - - 38 3 2014-јан. 2015 Парма А 6 0 КИ 0 0 - - - - - - 2 0 јан.-јун. 2015 Латина Б 19 0 КИ - - - - - - - - 14 0Вкупно Латина56310----5732015-2016 Риека1.ХНЛ320КХ50ЛЕ1Во преелиминарните кола0 - - -3802016-20171.ХНЛ320КХ61ЛЕ20 - - -4012017-20181.ХНЛ30 - - -ЛШ4171Вкупно Риека670 11171 - - 8522017-2018 ПЛ80КП+ЛКП 7+10ЛШ+ЛЕ4+30 - - -2302018-2019 ПЛ 10 0 КП+ЛКП 2+3 0 ЛЕ 3 0 - - - 18 0Вкупно Спортинг Лисабон180 130100 - - 410Вкупно во кариерата 189+43+1221141- - 2296

Титули Риека Прва ХНЛ : 1 2016-2017 Куп на Хрватска : 1 2016-2017

Спортинг Лисабон Лига куп на Португалија : 2 2017-2018, 2018-2019.

Наводи

Надворешни врски Профил на Macedonian Football Стефан Ристовски на transfermarkt.com Стефан Ристовски на soccerway

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Кротоне Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Фудбалери на ФК Латина Категорија:Фудбалери на ФК Риека Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон