мини|Прерија во Јужна Дакота, САД

Прерија (од фр. prairie = ливада) е биом сочинет од пространа рамнина обрасната со треви и без дрвја. Се одликува со умерена клима и умерени врнежи од дожд. Вакви се и пампите во Јужна Америка и степите во Евроазија.

Подрачјата што го носат името „прерии“ обично се среќаваат во Северна Америка, поточно сите т.б. „внатрешни низини“ во САД, Канада и Мексико, каде спаѓаат Големите Рамнини како и повлажните и поридести предели на исток. Во САД, ваквите предели предоминираат во Северна Дакота, Јужна Дакота, Небраска, Канзас и Оклахома, и значајни делови од Монтана, Вајоминг, Колорадо, Ново Мексико, Тексас, Мисури, Ајова, Илиноис, Индијана, Висконсин и западна и јужна Минесота. Централната Долина во Калифорнија исто така е прерија. Канадските Прерии заземаат огромни површини од Манитоба, Саскачеван и Алберта.

Преријата како тема во уметноста и во популарната култура „Прериска кучка“ (англиски: Prairie Bitch) — песна на британската рок-група Касандра комплекс (The Cassandra Complex) од 1986 година.DISCOGS, The Cassandra Complex ‎– Grenade (пристапено на 16.8.2021) „Прериски пожар“ (англиски: Prairie Fire) - песна на американската рок-група Лонг рајдерс (The Long Ryders) од 1987 година.DISCOGS, The Long Ryders ‎– Two Fisted Tales (пристапено на 23.8.2019) „Прериска роза“ (англиски: Prairie Rose) - песна на британската рок-група Рокси Мјузик (Roxy Music)“ од 1974 година.YouTube, Roxy Music - Country Life (1974) FULL ALBUM Vinyl Rip (пристапено на 27.12.2017)

Поврзано Ливада Пампа Пасиште Рамница Савана Степа Велд Плавна ливада

Наводи

Надворешни врски Институт за прериски рамнини Важноста на пожарот за прериите

Категорија:Копнени биоми Категорија:Екорегиони Категорија:Степи