Мраморец — село во Општина Дебрца, оддалечено околу 9 км од патот Кичево - Охрид.
Географија и местоположба мини|Реката Турјанка низ Мраморец Мраморец се наоѓа во областа Горна Дебрца, сместено на падините на Илинска Планина, на надморска височина од 1030 метри.Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски и аграрни обележја (прво издание), Скопје, 1998, стр. 202. Мраморец граничи со охридските села Сливово, Турје, Арбиново и Слатино, како и со кичевското село Белица. Селото е сместено во клисурата на малата река Турјанка. До него води асфалтен пат и е оддалечено 9 километри од магистралниот пат Охрид-Скопје, 36 километри јужно од Кичево и 44 километри северно од Охрид. Атарот на селото зафаќа простор од , а во него преовладуваат шумите (1.045 ха), обработливото земјиште зафаќа 589 ха, а на пасиштата отпаѓаат 50 ха.
Историја мини|лево|Типична архитектура во Мраморец Мраморец е старо село, со богато историско наследство: така, во неговата близина се наоѓаат остатоци од доцноантичка населба (во месноста Граишта/Кутлиње), доцноантичка топилница (во месноста Рупи), како и средновековна некропола (во месноста Мрамор). Селото за првпат се споменува во турскиот попис на населението во Охридскиот Санџак од 1582 г., и тоа под името Мраморче. Во тоа време, селото имало 11 христијански семејства и 3 самци, т.е. вкупно 58 жители.Охрид и охридско низ историјата (книга втора), Институт за национална историја-Скопје, Скопје, 1987, стр. 30. Постојат повеќе (непотврдени) верзии за настанувањето на селото: според една, него го создале избегани жители од месноста Закамен, според друга, тоа настанало од избеганите жители на селото Белче (кое се наоѓало на оддалеченост од неколку километри), а според трета, создадено е од доселеници од Прилепско. Веќе во XIX. век, Мраморец било прилично големо и развиено село. Така, според француски извори, во 1873 г., селото имало 50 домаќинства, со 135 машки жители.Етнографија на вилаетите Одрин, Манастир и Солун, Куриер Д'Ориент, Истанбул, 1878 (Ethnographie des Vilayets d'Andrinople, de Monastir et de Salonique, Courrier D'Orient, Constantinople, 1878). Австрискиот конзул Крал во 1898 г., во статистичкиот преглед испратен до Виена, наведува дека селото имало 444 жители.Охрид и охридско низ историјата (книга втора), Институт за национална историја-Скопје, Скопје, 1987,стр. 160-163. Во 1900 г., во Мраморец живееле 500 жителиВасил К’нчов, Македонија. Етнографија и статистика, Бугарско книжевно друштво, Софија, 1900, стр. 253 (В. Кѫнчовъ, Македония. Етнография и статистика, Българското книжовно дружество, София, 1900)., а слични се и податоците од 1905 г., според кои селото броело 536 жители.Д.М.Бранков, Македонија и нејзиното христијанско население, Либрери Плон, Париз, 1905, стр. 162-163 (D.M. Brancoff, La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Librairie Plon, Paris, 1905, рp. 162-163).
Пред и за време на Илинденското востание, селото дало активен придонес во борбите против турската војска. Така, на 25 мај 1902 г., војводите Ташко Арсов и Никола Петров Русински дејствувале во селото, каде што го убиле селскиот полјак - Шабан од Песочан.Ташко Арсов, Записки, НИО Студентски збор, Скопје, 1983, стр. 21 Во март 1903 г., во околината на селото (во месноста Опаленик) дејствувале комитски чети, кои учествувале во познатата Издеглавска афера, при што на 17 и 18 март 1903 г., турската војска ги опседнала сите села во Горна Дебрца.Ташко Арсов, Записки, НИО Студентски збор, Скопје, 1983, стр. 25-27 За време на оваа афера, 14 жители на селото биле осудени на робија во Дијар Бекир, Мала Азија и од нив само четворица се вратиле назад - Симјан, Јове, Мицко и Војдан.Томо Чалоски, Роднокрајски записи (www.emigration.gov.mk/turizam/mramorec.htm)
За време на Илинденското востание постоела мраморечка чета под команда на војводата Смиле Војданов, а во околината на селото дејствувале неколку комитски чети, кои на 2 август 1903 г. го нападнале селото Издеглавје.Охрид и охридско низ историјата (книга втора), Институт за национална историја-Скопје, Скопје, 1987, стр. 227-228.Ташко Арсов, Записки, НИО Студентски збор, Скопје, 1983, стр. 30 Во текот на август, во околината на Мраморец се воделе големи битки меѓу комитските чети и турската војска, а во знак на одмазда, на 15 септември 1903 г., турската војска го запалила селото и изгореле сите 84 куќи во селото, при што убиле 14 жители на селото: Спасе Василев, Хр. Матев, Трајче Димитров, Голаб Максимов, Ст. Тасев, Гркинка Сотирова, Крстаница Стојчева, Кофил Павлев, Јанаќија Николова, Стојан Иванов, Здраве Христов, Настов, Стојан Матев и Серафим Крстев.
За тоа време, жителите на селото се криеле во шумите околу селото, а на 25 септември 1903 г. била објавена амнестија, по што селаните повторно се вратиле во своите домови. По објавената амнестија, на 28 септември 1903 г., комитите започнале да го собираат оружјето, кое се закопувало во тајни складишта во буките меѓу селата Мраморец и Белица, при што во селото биле собрани 52 пушки. Во април 1905 г., по наредба на Христо Узунов, војводата Ташко Арсов се вратил во Мраморец, каде со помош на селаните го откопале складот со оружјето и муницијата.Ташко Арсов, Записки, НИО Студентски збор, Скопје, 1983, стр. 33-36, 79.
Во текот на балканските војни мраморчани биле мобилизирани во редовите на бугарската војска, при што 22 жители на селото зеле учество во редовите на Македонско-одринските доброволни чети, и тоа: Ѓенко Андонов, Стојан Андреев, Спасе Божинов, Марко Велев, Мицко Велев, Костадин Гаврилов, Сиљан Ѓоргиев, Михаил Грозданов, Никола Дамјанов, Иван Дериволов, Стефан Димитров, Матеј , Миле Настев, Стојан Настов, Ѓорги Недев, Никодим, Григор Николов, Димитар Сиљанов, Божин Спасов, Крсте Стојанов, Цветко Стојанов и Трајко Јаков.
мини|лево|Запаленото село Мраморец од страна на балистите, 1943 година. мини|десно|Споменик на НОБ во Мраморец. Во Втората светска војна, селото бил зафатено од борбените дејствија, при што двапати било запалено до темел од балистите. Исто така, селото дало неколку партизани, а во спомен на 13 селани кои загинале во текот на 1943 и 1944 г., на 2 август 1969 година, во близина на селската црква е подигнат споменик.
Потекло и значење на името Мраморец своето име го добило по местото Мрамор.. Зборот мрамор е синоним на мермер.
Стопанство мини|десно|Традиционална архитектура во Мраморец Имајќи предвид дека Мраморец е типично планинско село, во минатото неговите жители се занимавале претежно со сточарство, одгледувајќи ситен добиток (овци и кози). Така, според некои кажувања, во златните години на селото (пред Втората светска војна), во него имало неколку илјади грла ситен добиток. Исто така, на планинските падини, селаните саделе житни култури (овес, ‘рж, леќа итн.), како и грашести растенија. За своите потреби, селаните произведувале млечни производи, волна, коноп итн. Благодарение на многуте извори и потоци, селото имало дваесет воденици.
Дури до средината на 1960-тите години, селаните живееле во автархични, натурални стопанства, задоволувајќи ги речиси сите свои потреби од сопствено производство. Најчесто, селаните оделе на пазар во Кичево, а поретко во Охрид и Струга. Помеѓу двете светски војни, голем дел од жителите оделе на печалба во Белград, во Софија, во Аргентина и во САД.
Наспроти сиромаштијата и големата заостанатост, Мраморец се одликува со тоа што е второто село во Дебрца (по Песочани) што добило струја. Имено, уште во 1956/7 г., селото имало мини-хидроцентрала, раководена од рускиот инженер Ервин Петрович, која со помош на една малечка турбина произведувала доволно струја за осветлување на домовите. Истата година, во селото била изградена и пилана, во која што биле вработени 20-25 селани, кои произведувале коцки за поплочување, паркет, бочви, штички за гајби итн. Пиланата работела до 1966 година. мини|Пиланата во Мраморец
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мраморец живееле 500 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мраморец имало 536 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 162 – 163.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мраморец е претставен како чисто македонско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 65 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.
Според пописот од 2002 година во селото Мраморец живеат само 8 жители, сите Македонци .Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Во денешно време во селото живеат само две жени.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Родови Мраморец е македонско село. Според истражувањата од 1948 година, родови во селото биле: Староседелци: Сите староседелци биле од старото село Белче кое денес не постои. Перовци или Поповци (4 к.); Милошевци (13 к.); Николовци (4 к.); Јанчевци (6 к.); Коломановци или Костадиновци (2 к.); Настовци (5 к.); Пејчиновци со Банчевци и Митревци (23 к.). По пропаста на старото село Белче, Пејчин се иселил во кичевското село Туин, а потоа некој предок се вратил назад; Нејковци (2 к.). Нејко избегал во Туин заедно со Пејчин, па потоа некој предок од овој род се вратил назад во селото. Доселеници: Севдовци или Младеновци (14 к.). Околу 1846 година, браќата Наум и Ристе се доселиле од селото Лешани. Овој род таму бил доселен од селото Белица во Кичевско, а во Белица од околината на Параќин во Србија; Матевци (18 к.) и Пејовци (10 к.) потекнуваат од ист предок. Тие се доселени во Мраморец околу 1850 година од раселениот град Закамен во струшка Малесија (иако жителите на овие родови не знаат каде се наоѓа точно Закамен, па викаат „одовде или одонде Дрим“); Недевци (11 к.) кои се доселени околу 1878 година од раселеното село Тројани близу Охрид.
Според истражувањата од 1979 година, родови во селото биле: Доселеници: Милошевци (3 к.) и Пејчиновци (5 к.) потекнуваат од ист предок. Доселени се од селото Туин во Кичевско. Во Милошевци го знаат следното родословие: Вељан (жив на 62 г. во 1979 година) Деспот-Стојан-Симун-Деспот-Милош, основачот на родот кој се доселил околу 1800 година; Миајлевци (2 к.). Основачот на родот бил некој свештеник. Тие имаат исто потекло како и претходните два рода, а тоа е селото Туин во Кичевско; Тутунари (1 к.) се доселени од некое село во Железник. Во овој род постоел предокот Марко Тутунар кој бил селски кмет и така ја присвоил најубавата земја во селото, но подоцна родот осиромашил; Матевци (8 к.) доселени се од запад, (од преку Дрим), а оттаму потекнувал и родот Србиновци кој подоцна се иселил. Најверојатно се од раселениот град Закамен во струшка Малесија; Пејовци (6 к.), исто така, се доселени од запад, од истото место како и Матевци; Младеновци (3 к.) се доселени од околината на Параќин во Србија. Родот потекнува од предок кој бил заробен во некое востанието во 1813 година и бил донесен од османлиската војска во селото.
Иселеништво Со сигурност може да се каже дека иселувањето од селото започнало од XIX век. Постари иселеници од селото има во Бугарија (преку 15 семејства), во градовите Софија, Варна, Разград, Видин, и др. Потоа иселеници имало во Аргентина, САД.
Помеѓу двете светски војни покрај погоре споменатите места, иселување имало и во Кичево, Струга, Демир Хисар, Битола и во Логоварди (Анаќијевци и Апостоловци).