Христијаните се најголемата верска заедница на територијата на Република Македонија со околу 65% од населението. Од вкупниот број на христијанско население, околу 95% припаѓаат на православните христијани, 3% на протестантските додека 1,2% припаѓаат на католичките христијни. Прв кој го проповедал евангелието во Македонија бил апостол Павле, каде во тоа време биле основани и првите христијански заедници и цркви. Според Новиот завет, првиот жител на Македонија кој го прифатил христијанството е Света Лидија Македонка.

Најголема улога во христијанизацијата на земјата според традицијата има формирањето на Охридската архиепископија како наследник на архиепископијата во Јустинијана Прима, заедно со нејзините мисионери Свети Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски. Во времето на цар Самоил, Охридската црква била подигната на ранг патријаршија, за да во 1767 година таа биде укинета. По крајот на Втората светска војна била основана Македонската православна црква - Охридска Архиепископија која се изјаснува како наследник на средновековната Охридска архиепископија. Денеска, во Македонија има регистрирано 12 црковни тела.

Историја Ранохристијанство Апостол Павле

Христијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на своето мисионерство, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија бил четирипати. При второто мисионерско патување, во 50 или 51 година ги основал црквите во Филипи, Солун и Берија (Дела 16,9-17,14). 2). При своето трето мисионерско патување, во 57 година, посетувајќи ги вторпат истите места. Заедно со Лука ја крстосувал Македонија, проповедајќи го Евангелието низ сите македонски градови до Илирик и до источниот брег на Јадранското Море. Во тоа време, во Македонија, го напишал и го испратил Второто послание до Коринтјаните (Дела 20,1; 2. Кор. 2, 12-13; 2. Кор 7,5-9; Рим 15,19; Дела 20,2). 3) Во 58 година минал по третпат низ Македонија, враќајќи се кон Ерусалим и ги посетил градовите по обратен ред: Берија, Солун, Филипи (Дела 20,3-6). 4) И, четврти пат, кога од Македонија го напишал и испратил Првото послание до Тимотеја, во 64/65 година (1. Тим. 1,3).

Своето прво патување надвор од Азија, апостол Павле го направил во Македонија. Тоа започнало во 51 година, а завршило во 54 година, при што во текот на тие години апостолот Павле посетил и некои грчки градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини за што сведочат и „Делата Апостолски“. . На тие негови патувања го придружувале и Лука, Тимотеј, Сила и Тихик, кои и самите, независно од светиот апостол Павле, работеле на христијанизацијата на народот на овие простори. Низ Македонија проповедал и Апостол Андреја, кој го поставил Апостол Урбан за прв епископ во Македонија. Апостол Силуан бил првиот епископ на Солун, а Епафродит во Адрија или Адријакија (погранично место со Тракија). Од учениците, Аристарх и Секунд биле по потекло од Солун, Епафродит бил од Филипи, а Гај од Добер (Дервија) кој најверојатно се наоѓал накаде меѓу Струмица и Валандово.

Во тоа време Македонија била во составот на Римското Царство, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во Дела на светите апостоли најверојатно напишано од страна на апостол Лука, каде се вели:

200px|right|thumb|Апостол Павле прв го проповедал евангелието во Македонија

Значење

Најголемите историски извори за мисионерството на Апостол Павле претставуваат писмените споменици на тертиот период од историјата на Апостолскиот век, односно пишувањето на Двете посланија на св. ап. Павле до Солунјаните и Посланието до Филипјаните. Двете посланија до Солунјаните се најрано напишаните посланија на апостол Павле. Тие го сочинуваат едниот од најстарите делови на Новиот завет. И двете посланија апостол Павле ги испратил од Коринт до Солунската Црква за време на неговото второ патување. Солунската Црква била една од повеќето цркви во Македеонија што биле создадени при второто големо патување на апостолотEpiskop Kassian, Hristos i pervoe hristianskoe pokolenie, YMCA-PRESS, Pariz, 1950, str. 190-194. Посланијата до македонските цркви претставуваат пред сè посланија на комуникација (општење). Оваа одлика особено се однесува на Посланието до Филипјаните. Посланието до црквата во Филипи се одликува со особрено личен карактер и богатство на конктерни историски содржини. Тоа био напишано кога апостолот се наоѓал во затвор.

Филипи

Градот Филипи станал првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството. Кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, првата црква на европскиот континент била формирана „,во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија“ (Дела 16,12). Изразот „прв“ (prwvth), како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски.

Уште со самото пристигнување во Филипи, апостол Павле и неговите сопатници започнале да го проповедат христијанството. Слушателите на апостолот Павле пред сè биле Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на апостол Павле до Филипјаните, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број Евреи и Грци.

Во Филипи според Новиот завет се случило и првото крштевање и тоа на Света Лидија Македонка. Така Лидија станала првата христијанка во Македонија и во Европа која го примила христијанството од апостол Павле. Евангелието кога стигнало во Европа не го пресретнале мажите, туку жените, бидејќи тие први се појавиле пред апостолите. Апостол Павле активно ги вклучил и жените во мисионерството и во евангелизацијата во ранохристијанската црква. Според верувањата, Света Лидија била гостопримлива па ги понудила апостолите да живеат во нејзиниот дом. По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Европа, по примерот од куќата на Марија, мајката во Ерусалим. Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за коишто зборува свети Јован во Откровението.

Освен Лидија, во Библијата се спомнуваат и Еводија и СинтихијаПослание до Филипјаните 4:2 како и мажите Епафродит и КлиментПослание до Филипјаните 4:3.

Единаесет години по заминувањето од Филипи, пред крајот од своето прво затвореништво во Рим (63/64 г. Филип. 1,25-26; 2,24; 4,22; 1,13; 1,1; 2. Тим. 4,9-10), на христијаните од првата Црква во Европа, апостол Павле им напишал Послание и го упатил „до сите светии во Христа Исуса, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите“ (Филип. 1,1).

Солун

Откако го оставил во Филипи апостол Лука, апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун (Дела Ап., 17 глава). Тоа се случило во пролетта во 50-тата година по патот Вија Егнација, каде според евангелието по шест дена пешачење пристигнал во Солун. Таму неговата проповед ја прифатиле малкумина од Евреите, додака пак поголем број од оние кои го прифатиле неговото учење биле главно Македонци и Грци. Апостол Павле, Сила и Тимотеј почнале да го проповедаат евангелието во куќата на Јасон, во неговата ткајачница, во приватни домови. И покрај првичните успеси (Дела 17:4) апостол Павле и неговите сотрудници морале ноќе да побегнат и да го напушти градот, бидејќи против нив се побуниле Евреите од Солун, припишувајќи им политички намери „против заповедите на ќесарот, изјавувајќи оти има друг цар – Исус“ (Дела 17:7).

Апостол Павле во Македонија се вратил по осум години. Според Второто послание до Коринтјаните:

Самите прогонства придонеле христијанската заедница од тој крај повеќе да с зближат. Солунската црква апостолот Павле му дала и тројца сотрудници: Секунд – придружник на последното патување ( Дела 20,4; 27,28; Кол. 4,10; Филип. 1,24) и „Гај и Аристарх Македонци“ (Дела 19,29). Аристарх бил со него и во затворот во Рим.

Берија

Во 51 година, апостолите Павле, Сила и Тимотеј го напуштиле Солун и заминале во Берија, која се наоѓала во третата македонска управна област каде за прв сопатник на апостол Павле станал Сосипатр Пиров (Дела 20,4). Оставајќи ги Сила и Тимотеја во Берија, свети апостол Павле одлучил да ја напушти Македонија и, по море, заминал за Атина (Дела 17,15).

Македонија и Новиот завет

Во Новиот завет Македонија и Македонците се споменати 28 пати во 24 стихови.

Делови од Библијата каде се споменува Македонија: „Тој реши да се врати во Македонија...“ (Дела 20,3). „И излезе за да тргне кон Македонија...“ (Дела 20,1). „А кога Сила и Тимотеј слегнаа од Македонија, Павле беше...“ (Дела 18,5). „Павле науми, откако ќе ја мине Македонија...“ (Дела 19,21). „Ќе дојдам при вас, откако пропатувам по Македонија, оти ќе минам преку Македонија“ (1. Кор. 16,5). „И преку вас да заминам за Македонија, а од Македонија пак да дојдам при вас“ (2. Кор. 1,16). „Се фалам со вас пред Македонците дека Ахаја...“ (2. Кор. 9,2). „Па, ако дојдат со мене Македонци и ве најдат неприготвени..“ (2. Кор. 9,4). „Гаја и Аристарха, Македонци, Павлови придружници,...“ (Дела 19,29) итн.

Прогони на христијаните 200px|right|thumb|Свети Димитриј Солунски

Римјаните раните христијани ги нарекувале атеисти, безбожници поради нивното одбивање да ги прифатат римските боговиАндреј Курајев, Поради што биле христијаните прогонувани во паганскиот свет (српски) Првиот поголем прогон на христијаните започнал во времето на римскиот цар Нерон (54-68). Во 64 година во Рим избил голем пожар. Царот за подметнувањето на пожарот ги обвинил христијаните наложувајќи им да го напуштат градот. За време на овој прогон, христијаните биле распнувани на крст, фрлени во Тибар или предавани на дивите животни во амфитеатрите. Меѓу овие први маченици се наоѓаат и Апостол Петар и Апостол Павле кои биле погубени во 67 годинаМилован Балабан, Победата на христијанството во Римското Царство (српски)

Најпознат маченик од тој период е Свети Димитриј Солунски.

Среден век Ран среден век

Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на 4 век христијаните на просторот на Македонија имале организирана црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествувале на помесните и вселенските собори. Така на Вториот вселенски собор учествувал Паригориј, првиот скопски митрополит и неговиот суфраган, епископот на Улпијана (денешен Липљан).

Во Македонија христијанството, како впрочем и во целото тогашно Римско Царство, почнало посебно да зема замав кога римскиот цар Константин Велики во 313 година го прекинал прогонството на христијаните и со указ им дал можност на христијаните слободно да ја исповедаат и да ја проповедаат својата вера. Во Македонија од тоа време се познати епископските седишта во Солун, Стоби, Скупи, Астибо и Хераклеја. Кон крајот на 5 век Солун станал седиште на архиепископија, а Скупи на митрополија.

Епископијата во Стенче е најстаратата позната ранохристијанска епископија во Република Македонија и досега најстарата позната ранохристијанска црква во Полог која се наоѓа на археолошкото наоѓалиште Градиште, кај селото Стенче, оддалечено 12 км. од ГостиварИнститутот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, проф. Виктор Лилчиќ. Најсигурна потврда за тоа се трите ранохристијански крстилници крај црковниот комплекс од истиот период - крајот на 4 и почетокот на 5 век. И покрај тоа што во Стенче нема монументален ранохристијански објект како во Скупи, Стоби, Хераклеја и во Лихнид, откритието во доцноантичкиот град кај Стенче е редок научен феномен..

Јустинијана Прима

200px|right|thumb|Свети Димитриј Солунски