Даниел Морено Фернандес (; р. во ) — шпански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата . Тој е специјализиран за искачување и трките на кои има високи планини, како што се големите трки Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.

Животопис

Морено ја започнал неговата професионална кариера во септември 2004 со екипата Релакс-Гам Фуенлабрада. На неговата прва трка, Трката околу Британија, тој веќе постигнал одличен резултат со освојувањето на 5. место во генералниот пласман. Во 2005, тој продолжил со одличните резултати, па така бил втор на Класика де Ордизија и Вуелта а Андалусија.

На крајот, во 2006 ја постигнал и неговата прва победа на етапа на Класика де Алкобендас и уште една на Волта ао Алентежо. Тој ги заокружил неговите триумфи со три подиума на Алентежо, Алкобендас и Вуелта а Бургос.

Исто така, и 2007 се покажала како успешна за него. Тој победил на етапа на аргентинската трка Тур де Сан Луис и мексиканската Вуелта Чивава, го освоил конечниот пласман на Ескалада а МонхуикМорено победи во Монхуик - Cyclingnews.com, 22 октомври 2007. Покрај овие резултати, тој се покажал како силен возач со второто место на етапа на Вуелта а Еспања и така стигнал до 12. место во генералниот пласман. Во септември објавил дека ќе премине во француската екипа Агритубел за наредната сезонаDaniel Moreno firmará con Agritubel para 2008 - Diario Vasco - 07.09.2007 но потоа Морено ја повлекол оваа изјава.

Меѓутоа, со пропаѓањето на Релакс-Гам Фуенлабрада на крајот на 2007, возачот го изгубил постојаниот договор заедно со можноста да настапува на професионалните трки. Морено успеал да се врати на трките дури во март 2008, откако потпишал договор со шпанската екипа Кејс д’Епарњ.

Потоа поминал две сезони (2008-2009) работејќи како помагач на Алехандро Валверде и потоа преминал во Омега Парма Лото на една годинаМорено ќе вози за Омега Парма-Лото во 2010 - Cyclingnews.com, 20 октомври 2009.

Во 2011, се приклучил на руската екипа Катјуша потпиша со Даниел Морено, Алберто Лосада и Леиф Хосте - Velonation.com, 23 септември 2010 и станал помагач на неговиот водач, Хоаким Родригес. Придружувајќи го познатиот „Пурито“ на планинските трки, Морено успеал да се докаже себеси на неколку значајни натпреварувања, вклучувајќи ги Џиро дел Пиемонт и Вуелта а Бургос. На 23 август успеал да дојде до првата етапна победа на Вуелта а Еспања, придружувајќи му се на претходниот бегалец Крис Анкер Серенсен во последните километри. Серенсен бил дел од рано бегство и останал до крај, но Морено го достигнал во последните 400 метри, додека групата била зад него. Следниот ден успешно му помогнал на Родригес на Валдепенас де Хаен. Големата координираност помеѓу двајцата Шпанци го донела Морено на третото место, додека Родригес на врвот на подиумот. Во текот на трите недели на шпанската трка, Морено возел во полна брзина и така успеал да дојде во 9. место во генералниот пласман. Во октомври, Морено победил на италијанскиот класик Џиро дел Пиемонт.

Во 2012, Морено продолжил да оди напред. Остварил победа на ГП Мигел ИндураинМорено го освоил ГП Индураин - Eurosport.yahoo.com, 31 март 2012, го однел првото место на етапата 4 на Вуелта а Андалусија и етапите 2 и 7 на Критериум ду Дофине. Морено, исто така му помогал на Хоаким Родригес на Џиро д’Италија; што му помогнало на Пурито да дојде до второто место во генералниот пласман. Помеѓу неговите приоритети за понатамошната сезона се Вуелта а Еспања и другите домашни трки.

Ја освоил шпанската трка Вуелта а Бургос, преживувајќи го падот на последната етапа на искачувањето Лагунас де Неила од двајцата сериозни кандидати за генерален пласман, Колумбијците Естебан Чавес од и Серхио Енао од . На крај, Морено ги ограничил неговите загуби на 22 секунди на таа етапа, задржувајќи ја водечката маичка со 10 секунди предност пред Енао. Исто така освоил 2 етапи и бодовниот пласман на трката.

Исто така, имал солиден пласман со петтото место на Вуелта а Еспања 2012, каде му помагал на неговиот водач Хоаким Родригес на планинските етапи. Родригес го зазел третото место на подиумот.

Во 2013, Морено ја освоил трката од Светската турнеја, Флеш Валон, откако го следел нападот започнат од Филип Жилбер () на последното искачување, Мур де Хуј. Го поминал Жилбер и Карлос Бетанкур () за победа на трката. Подоцна продолжил со добрата форма на Критериум ду Дофине, каде завршил како трет во генералниот пласман. На Вуелта а Еспања ги освоил четвртата етапа и деветтата етапа и завршил десетти во генералниот пласман.

Во октомври 2015 година, објавиле дека Морено потпишал со нив двегодишен договор од 2016 година.

Достигнувања

2003 10. ГП Сиудад де Виго 2004 6. Краен пласман Трка околу Британија 2005 2. Краен пласман Вуелта а Андалусија 2. Класика де Ордизија 6. Класика Сиклиста а лос Пуертос 2006 2. Краен пласман, Волта ао Алентежо 1. Етапа 3 3. Краен пласман, Класика а Алкобендас 1. Етапа 1 3. Краен пласман Вуелта а Бургос 4. Класика де Ордизија 4. Субида ал Наранко 7. Краен пласман Вуелта а Астурија 2007 1. Ескалада а Монтхуик 1. Етапа 5 Тур де Сан Луис 1. Етапа 4 Ла Вуелта а Чивава 2. Краен пласман Класика а Алкобендас и Коладо Вилјалба 3. Класика Сиклиста а лос Пуертос 4. Краен пласман Вуелта а Бургос 7. ГП Лодио 7. Краен пласман, Вуелта пор ун Чиле Водач 2008 1. Етапа 1 Еускал Бициклета 6. Краен пласман Вуелта а ла Риоха 9. Краен пласман Вуелта а Бургос 12. Краен пласман Вуелта а Еспања 2009 1. Етапа 4 Ла Вуелта а Чивава 2. Јапонски куп 2. Џиро дел Пиемонт 2. Краен пласман Трка околу Полска 6. Класика де Ордизија 7. Субида ал Наранко 10. ГП Мигел Индуран 11. Краен пласман Вуелта а Еспања 2010 8. Класика де Алмерија 10. Брабант Пајл 2011 1. Џиро дел Пиемонт 1. Етапа 4 Вуелта а Еспања 2. Краен пласман Вуелта а Бургос 1. Етапа 4 2. Класика де Ордизија 8. Флеш Валон 9. Трофео Деја 2012 1. Краен пласман Вуелта а Бургос 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Бодовен пласман 1. ГП Мигел Индураин Критериум ду Дофине 1. Етапа 2 1. Етапа 7 1. Етапа 4 Вуелта а Андалусија 5. Краен пласман Вуелта а Еспања 2013 1. Флеш Валон 3. Краен пласман Критериум ду Дофине 3. Милано-Торино 4. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато 6. Џиро ди Ломбардија 10. Краен пласман Вуелта а Еспања 1. Етапа 4 1. Етапа 9 2014 2. Краен пласман Вуелта а Бургос 3. Милано-Торино 8. Краен пласман Тирено-Адријатико 9. Амстел Голд Рејс 9. Флеш Валон 9. Лиеж-Бастон-Лиеж 10. Краен пласман Трка околу Оман 2015 1. Етапа 5 Вуелта а Бургос 2. Џиро ди Ломбардија 4. Класика де Сан Себастијан 5. Флеш Валон 6. Краен пласман Тур де Сан Луис 9. Краен пласман Вуелта а Еспања 9. Милано-Торино 10. Лиеж-Бастон-Лиеж 2016 3. 15п Европско друмско првенство 3. Краен пласман Вуелта а Астурија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 4. Милано-Торино 8. Краен пласман Вуелта а Еспања 2017 4. Национално друмско првенство 7. Краен пласман Вуелта а Бургос 20п Награда за борбеност на етапа 17 на Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро————262920—41———— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур————21——17——31—— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта36121211—951011981838

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Шпански етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Луѓе од Мадрид