Прогон на Кримските Татари (кримскотатарски: Sürgünlik) — организирано насилно иселување на Кримските Татари од страна на државата во 1944 г. советските власти организирано ги раселувале Кримските Татари во Узбекистан и останатите делови на државата. Симбол на оваа депортација е парна машина.
Обиди да иселување на Кримските Татари од Крим се појавиле на неколку наврати, дури и пред Крим да биде анектиран од Русија во 1783 година, но сепак тие обиди не биле успешни. Во 1944 година со лажен текст каде се тврдело дека масовно Кримските Татари соработувале со нацистите, советските власти одлучиле да ги иселат Кримските Татари од Крим по наредба на Јосиф Сталин и Лаврентиј Берија.
Депортацијата започнала на 18 мај 1944 година во сите населени места на Крим. Повеќе од 32.000 трупи на Народниот комесаријат за внатрешни работи на СССР учествувале во акцијата. На Татарите им давале само по 30 минути за да ги приберат своите лични работи, а по тој временски рок биле товарени и депортирани од Крим.http://www.massviolence.org/Surgun-The-Crimean-Tatars-deportation-and-exile?artpage=1#outil_sommaire_0. 193,865 Кримски Татари биле депортирани, од кои 151,136 во Узбекистан 8,597 во Мариј Ел, 4,286 во Казахстан, и 29,846 во различни области низ Русија. Меѓувреме, поголем број на Кримските Татари кои служеле во Црвената Армија биле демоболизирани и испратени во кампови во Сибир и Урал. мини Депортацијата била слабо планирана и извршена, каде локалните власти каде биле доселувани Кримски Татари не биле соодветно информирани за процесот и не добиле доволно ресурси за доселениците. Несоодветното сместување, недостатокот на храна, неможноста да се прилагодат кон новата клима и појавата на болести имале голем демографски удел за време на петгодишната депортација. Кримските активисти се борат да се признае овој прогон како геноцид врз Татарите.Crimean Tatars Call On Kyiv To Restore Their Rights , Radio Free Europe, 12 декември 2005
Наводи
Поврзано Татари Кримски Татари Етничко чистење
Надворешни врски surgun.org 60 годишнина од сургунот Депортацијата и прогонот на Кримските Татари Encyclopedia of Mass Violence (2008-07-12)
Категорија:Кримски Татари Категорија:Етнички чистења Категорија:Исламот во Украина Категорија:Политичка репресија во СССР Категорија:Советски воени злосторства во Втората светска војна