Сундски јазик (Basa Sunda, со сундско писмо: ᮘᮞ ᮞᮥᮔ᮪ᮓ) — јазик од малајско-полинезиското семејство со околу 27 милиони говорници во западниот дел на Јава, што претставува 15% од населението на Индонезија.

Јазикот е поблизок на мадурскиот и малајскиот, а во подалечно сродство со јаванскиот. Има неколку дијалекти:

западен - во покраината Бантен и извесни делови од Лампунг, северен - во Богор и северното крајбрежје на Западна Јава, јужен (пријангански) - во (Бандунг и околината), блискоисточен - во Маџаленгка и Индрамају, североисточен - во Кунинган, Чиребон и Бребес (Централна Јава) и југоисточен - во Чиамис, Банџар и Чилачап (Централна Јава).

Пријанганскиот дијалект е најзастапен и се предава во основните училишта (нижи и виши паралелки) во Западна Јава и покраината Бантен.

Писмо Сундскиот може да се пишува на разни писма, од кои матични се сундското писмо и „пегон“-от (вид арабица) кој се употребувал порано, а денес наоѓа само верска употреба. Денес најзастапена е латиницата.

Фонологија Правописот на сундскиот јазик е мошне фонетски. Постојат пет самогласки: , é , i , o , u , две полусамогласки; e и eu и 18 согласни фонеми што се транскрибираат со буквите p, b, t, d, k, g, c (изгов: ), j, h, ng, ny , m, n, s , w, l, r (трепетно или едноударно) и y . Сепак, јазикот има 16 согласки, а останатите се странски гласови во заемки.

Честопати согласките што се јавуваат во заемки се одомаќинуваат во сундски согласки: f → p, v → p, sy → s, sh → s, z -> j и kh → h.

Поврзано Сундско писмо Сундски Острови Сунди Бадуи

Наводи

Надворешни врски

Сундско-индонезиски речник (и обратно) Сундски јазик - Ethnologue Претворач од латиница во сундско писмо

Категорија:Јазици во Индонезија Категорија:Малајско-сумбавски јазици Категорија:Западна Јава Категорија:Аглутинативни јазици