Самогласка од среден ред (или централна самогласка) е вид на самогласен глас присутен во извесни јазици. Карактеристично за овој глас е тоа што јазикот се става на половина пат помеѓу положбата за предна самогласка и задна самогласка. Во македонскиот јазик, единствената самогласка од среден ред е а, и тоа во неакцентирана крајна положба, како во „ќерка“.
Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), самогласки од среден ред се:
затворена незаоблена самогласка од среден ред затворена заоблена самогласка од среден ред полузатворена незаоблена самогласка од среден ред полузатворена заоблена самогласка од среден ред средна самогласка од среден ред полуотворена незаоблена самогласка од среден ред полуотворена заоблена самогласка од среден ред речиси отворена самогласка од среден ред (мак. завршно неакцентирано а) отворена предна незаоблена самогласка (неофицијална, но најчеста)
Напати се среќаваат и наменски симболи за речиси затворена незаоблена самогласка од среден ред.
Наводи