Паркети се рок, панк група од Битола, Република Македонија. Формирана е во 1991 година од Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет.http://www.youtube.com/watch?v=GOvg-H5fb0U Познати се по своите настапи во живо, изгледот и смислата за хумор.

Историја

Паркети биле оформени една деценија по првиот бран на панк музикта, кога веќе сè било слушнато и видено, од Sex Pistols преку Ramones, па и Шарло акробата и Пекиншка патка на просторите на Југославија. Во Битола, на крајот на осумдесеттите години, постоеле само неколку „андерграунд“ бендови кои правеле своја музика и само едно подрумско диско каде не се слушало турбо фолк.http://www.myspace.com/parketi Со падот на Југославија, државата повеќе не ги контролирала медиумите, па започнале да се отвораат нови приватни радија и телевизии, што му отворило место на сè и на секој. На Радио Битола и на некои локални телевизии започнале да се прават топ листи на „демо“ бендови на кои секој можел да гласа за својот омилен. Паркети секогаш имале препознатлив и специфичен звук. Нивните текстови секогаш имаат рима, но, како што сакаат да кажат членовите, текстовите се „апстрактни“. Пример за „апстрактноста“ во текстовите е песната „Супермен“ - „Нешто лета, црвено е, дали е фен? Не е фен - тоа е Супермен“. Првиот албум го снимиле во 1996 година и е именуван „Грижа на совеста“, а вториот - „Газирана хармонија“ бил снимен во 1998 и на него бендот има различен состав, односно на местото на Сашо Паркет - вокалист е неговиот брат. Сашо се враќа во бендот на почетокот на новиот милениум.

Музика

Паркети во своите песни обработуваат најразлични теми, но како што нагласуваат и самите, љубовни песни секогаш биле најискрени: Песни без тема: „Портокали“, „Оса“, „Mуви“, „Едно млеко и едно кафе“, „Ева Мендез“, „Да ја ебам бабати на летање“ и други. Песни со љубовна тема: „Бал“, „Mислам“, „На месечина те заборавив”,„Најмногу на целиот свет“, „Барбара“, „Песна со најубави ноти“, „Сакам да те галам“, „Strawberry” и други. Понекогаш имало и песни кои имале допир со социјални теми и теми важни за Паркети а во таа категорија спаѓаат песните „Кафеави Џуџуња“, „Ние сакаме“, „Клара пуши трева“, „Sweet vegetarian“ Обработки на песни: „Ацо кабадаја“, „Шеќерна“, „Бандиера Роса“, „Bang Bang”, „Danny Boy” и други.

Концерти

Концертите на Паркети се секогаш оригинални и многу енергични. На нивните настапи имало сè - од моторни пили и експлицитен материјал, до кршење на картонски гитари.http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=3AF070C09DFC704B9EC3A4359D0E3782 До сега имаат учествувано на многу фестивали и имаат одржано неколку концерти меѓу кои најголем до сега е концертот во амфитеатарот во Хераклеја, 2009 година.http://www.youtube.com/watch?v=iL6exOZKebM. Имаат одржано и мал акустичен концерт во Домот на културата во Битола во 2011 година.

Евровизија

Паркети имаат два пати учествувано на македонскиот избор за песна на Евровизија, но за жал неуспешно. Првиот пат во 2008 се претставиле со песната „Strawberry“, а вториот пат, во 2010, со песната „Ти си киси феномен“ со која го освоија последното место, и после настапот изјавија дека никогаш повеќе нема да учестуваваат на изборот за песна на Евровизија.

Дискографија „Грижа на совеста“ (1996) http://gurgur69.blogspot.com/ „Газирана хармонија“ (1998) „Но тинкејШн” (1992 - 2002) „Тајната на името (2005) „Мамо не му кажувај на тато“ (2009) http://www.time.mk/story_3178342290.html „Република Франкенштајн” (2012) „Parketi” (2014) „Treinta Putos Años” (2021) Изданија на „Паркети“ евидентирани од ВБУ Музички Регистар.

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Паркети Паркети на MySpace.

Категорија:Македонски панк рок групи Категорија:Појавено во 1991 година во Македонија