Микрограм (µг, мкг; меѓународно: µg, mcg) — единица за маса еднаква на милионити дел (1/1.000.000) од грамот (1 × 10−6) или 1/1000 од милиграм. Ова е една од најмалите единици за маса (и тежина) што се користи во макроскопски размери. Симболот „µg“ е утврден во Меѓународниот систем на мерни единици и често се применува во научната литература, но организациите како Заедничката комисија (JCAHO) од САД препорачуваат да не се користи во болници бидејќи рачно напишан, симболот µ наликува на m, што може да доведе до илјадакратно предозирање. Наместо тоа, се препорачува кратенката мкг (mcg).

Поврзано Милиграм Микрометар

Наводи

Категорија:Изведени SI-единици Категорија:Единици за маса