Избувна согласка (преградна согласка, плозив, експлозив)Кепески ја нарекува „избувлива“ согласка. е согласка каде се затвора гласниот провод, со што престанува текот на воздухот, за потоа да „избувне“ при творбата. Затворањето може да го врши јазикот (рамниот дел: , или основата: , ), уснените (, ) или гласилката (). Се разликуваат од носните согласки, каде звучниот провод се затвора, но воздухот продолжува да излегува низ носот (на пр. и , како и со струјните согласки, каде делумното затворање го отежнува, но не го запира воздушниот тек во гласниот провод.

Застапеност во јазиците Сите јазици во светот имаат избувни согласки,König, W. (ed) dtv Atlas zur deutschen Sprache dtv 1994 и во највеќето од нив се присутни барем безвучните , и , но постојат исклучоци: во разговорниот самоански отсуствува преднојазичната согласка , а неколку северноамерикански јазици како ирокеските ја немаат уснената согаска . Од сите безвучните избувни согласки во светот, уснената е најнестабилна, што може да се забележи од неусловената гласовна промена → (→ → Ø) што се има случено во разни несродни јазици низ историјата како што се (класичниот јапонски, класичниот арапски и пракелтскиот јазик. Формалниот самоански содржи само еден збор со заднонепчената согласка , додека разговорниот самоански ги поистоветува и како . Нихауанското наречје на хавајскиот јазик има на местото на во поголема мера од литературниот хавајски, но обата не разликуваат од . Поточно кажано, самоанскиот и хавајскиот ги имаат двете самогласки, но не ги разликуваат.

Македонски Во македонскиот јазик се присутни избувните гласови п, б, т, д, ќ, ѓ, к и г.

Творба При творбата на избувниот глас разликуваме три фази: Прекин: дишниот провод се затвора, и воздухот нема каде да оди. Задршка (оклузија): дишниот провод се држи затворен, што предизвикува мала разлика во притисокот. Испуст (избув): пороводот се отвора и воздухот излегува наеднаш, во облик на звук (глас). Ова се нарекува „избувнување“.

Во многу јазици како малајскиот и виетнамскиот, ваквите согласки на крајот од зборот немаат избув (дури и кога им следи самогласка) или имаат носен испуст.

Кај слеаните согласки, прекинот и задршката се од избувен вид, но испустот е како на струјна согласка. Ова значи дека слеаните согласки претставуваат избувно-струјни контури.

Примери Во Меѓународната фонетска азбука (МФА) се претставени следниве избувни согласки.

безвучна двоуснена избувна согласка (мак. п) безвучна венечна избувна согласка (мак. т) безвучна свиена избувна согласка безвучна преднонепчена избувна согласка (мак. ќ) безвучна заднонепчена избувна согласка (мак. к) безвучна ресична избувна согласка надгласилна избувна согласка гласилна избувна согласка

звучна двоуснена избувна согласка (мак. б) звучна венечна избувна согласка (мак. д) звучна свиена избувна согласка звучна преднонепчена избувна согласка (мак. ѓ) звучна заднонепчена избувна согласка (мак. г) звучна ресична избувна согласка

Поврзано Носна согласка Струјна согласка Начин на творба

Наводи

Ian Maddieson, Patterns of Sounds, Cambridge University Press, 1984. ISBN 0-521-26536-3

Категорија:Согласки