Едгар Стивен Давидс (роден на 13 март 1973 година, во Парамарибо) — холандски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, .

Својата кариера ја започнал во Ajaкс, клуб со кој во текот на пет сезони успеал да освои буквално се и во Холадија како и на меѓународната сцена. Тој потоа играл во Италија за Милан, а подоцна и во Јувентус со кој освоил три скудета за во 2004 година на кратко да замине на позајмица во Барселона. Потоа кариерата ја продолжил во дресот на Интер, но по една година престој во сино-црните од Милано се преселил во Тотенхем. Во 2007 година тој се вратил во Ајакс каде се мачел со повреди две години и тоа го принудило да ја прекине својата кариера. По пауза од повеќе од две години тој му се вратил на фудбалот во текот на кус период играјќи за Кристал Палас пред да се пензионира на возраст од 37 години. Во 2012 година, тој бил назанчен за играч-тренер на англискиот нисколигаш Барнет, а таа функција ја извршувал до јануари 2014 година кога со обострана согласност договорот му бил раскинат.

За холандската репрезентација Давидс одиграл 74 натпревари и постигнал шест гола. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 1998 и Европските првенства во 1996, 2000 и 2004. Неговата дридлок (плетенки) коса и заштитните очила - кој ги носел поради глауком - го направиле Давидс еден од најпрепознатливите играчи на неговата генерација.

Биографија Едгар Давидс е роден во Суринам, кога земјата сè уште била под холандска колонијална зависност, од татко со африканско потекло и мајка еврејка. Семејството се преселило северно од Амстердам кога тој бил бебе. Откако станал фудбалер, тој можел да се определи и за суринамската репрезентација, но избрал да игра за .

За време на периодот кога играл за , тој бил опериран од глауком, а од тогаш бил принуден да носи специјални заштитни очила за време на натпреварите.

Неговиот братучед, Лоренцо, исто така е фудбалер.

Давидс бил верен со модниот творец Олџај Ѓулшен во 2006 година, но тие се разделиле во 2012 година.

Клупска кариера Ајакс, Милан и Јувентус Давидс ја започнал својата кариера во екипата на Ајакс од Амстердам на возраст од 12 години. Своето деби во Ередивиси го направил на 6 септември 1991 година, во победата на домашен терен со 5-1 над РКЦ Валвајк. Како играч од средниот ред способен да комбинира трчање и елеганција во допирот на топката, Давидс уште од млада возраст започнал да се издвојува со сè поважна улога во централниот дел од теренот на копјаниците. Тој му помогнал на клубот да дојде до три титули во холандското првенство, како и до континенталните успеси со освојувањето на Купот на УЕФА 1991-1992 и Лигата на шампионите 1994-1995. Во финалето на Лигата на шампионите 1996 година против во Рим, во кое неговиот тим загубил на пенали, Давидс го промашил првиот пенал за Ајакс. За време на неговиот престој во Ајакс тој бил наречен Питбул од страна на тренерот на клубот Луј ван Гал, поради неговиот жесток стил на игра и залагање.

Пред почетокот на сезоната 1996-1997, Давидс заедно со својот сонародник и соиграч од Ајакс Михаел Рејзигер се преселил во Италија каде потпишал за . Двајцата играчи клубот ги довел со бесплатен трансфер користејќи го ново уведеното Босманово правило. Тој одиграл за Милан сезона и половина, но не успеал да ја убеди управата на клубот во својте квалитети. Покрај тактичките недоразбирања, причина за неговиот намален број на настапи била и сериозната повреда на големата и малата писка поради што морал да пропушти половина од сезоната 1996-1997, и разни дисциплински проблеми што ја поткопуваат неговата интеграција во соблекувалната на миланскиот клуб. Еден од најискусните играчи на клубот, Алесандро Костакурта, јавно го критикувал Давидс дефинирајќи го како „расипано јаболко“.

Неуспешениот период на Давидс во Милан, го натерало спортскиот директор на клубот, Адријано Галијани, да го направи она што потоа самиот тој ќе го нарече една од најголемите грешки во неговата кариерата: продавањето на Давидс во соперникот од Серија А, Јувентус, за 9 милијарди италијански лири во декември 1997 година. Така тој станал првиот холаѓанец кој заиграл за Јувентус.

Своето деби за Јувентус го направил на 14 декември 1997, во ремито 1-1 на гостувањето кај , започнувајќи го натпреварот во средниот ред заедно со Антонио Конте, Фабио Пекија и Зинедин Зидан. Во Јувентус тој се снашол многу подобро и веднаш влегол во шемите на тренерот Марчело Липи, така што во Торино Давидс докажал дека е сосем друг играч од оној што го гледале во Милано, и наскоро станал фундаментален елемент за успехот на бјанконерите во следните сезони. Веќе во својата прва полусезона во клубот тој го освоил своето прво скудето, откако му помогнал на Јувентус да триумфира во Серија А.

Давидс одиграл шест успешни години во Торино, каде што освоил три титули во Серија А во сезоните 1997-1998, 2001-2002 и 2002-2003 година; тој исто така играл и во две финалиња на Лигата на шампионите во 1998 и 2003 година, а во второто го напуштил натпреварот предвреме поради мускулна повреда. На 17 мај 2001 година, Давидс бил суспендиран од страна на ФИФА, откако бил позитивен на тестот за забранетата супстанца, анаболичен стероид, нандролон.

Давидс бил и останал миленик на навивачите на Јувентус. Кога клубот решил да ја тргне ѕвездата на Полјакот Збигњев Боњек од новиот стадион на Јувентус, била отворена анкета на која друга поранешна легенда да ѝ биде доделена истата; Давидс убедливо победил во анкетата.

Барселона, Интер и Тотенхем Неговата авантура во главниот град на Пиемонт завршила кон средината на сезоната 2003-2004, кога поради некои несогласувања со тренерот Липи, во зимскиот преоден рок тој заминал на позајмица во шпанската . Неговото пристигнување во блауграна значително ги подобрило перформансите на екипата, толку многу што многумина се надевале дека Барселона ќе потпише траен договор со него, но по завршувањето на сезоната наместо тоа Давидс се вратил во Италија каде како слободен играч потпишал тригодишен договор со .inter.it , Edgar Davids joins Inter, 11.07.2004

По враќањето во Милано, но во другите бои од оние кој ги бранел претходно тој успеал да го освои со Интер единствениот италијански трофеј кој му недостасувал, Купот на Италија. Сепак, неговите перформанси за нероаѕурите биле на пониско ниво во споредба со оние кој ги прикажувал во претходните сезони, меѓу другото исто така и поради тактичките недоразбирања со тренерот Роберто Манчини, кои практично го испратил завршницата од сезоната да ја проследи од дома наместо на теренот. Години подоцна додека Давидс ја извршувал улогата на играч-тренер во англискиот Барнет, тој дал изјава во која зборувал за неговите тренери во текот на играчката кариера во која го спомнал и Манчини изјавувајќи: На Манчини му недостасува управување со човечки односи. Не сакам да зборувам негативно за некого, но не сакам да зборувам ниту за Манчини, меѓу другото бидејќи и нема толку многу позитивни работи кои можат да се кажат.

Откако Интер ги раскинал преостанатите години од неговиот договор во август 2005 година, тој се преселил во Англија каде со слободен трансфер потпишал за ., Tottenham complete Davids signing, 3 август 2005 Тој имал успешен престој во Спарс и веднаш станал миленик на навивачите. Својот прв гол за клубот го постигнал во гостинската победа со 2–1 над Виган Атлетик. По успешната прва сезона во која одиграл 31 натпревар во Премиер лигата и му помогнал на клубот да заврши на петтото место во лигата, во втората сезона тој одиграл само 9 натпревари во лигата по што го напуштил клубот во јануарскиот трансферен прозорец и се вратил во татковината.

Враќање во Ајакс

На 28 јануари 2007 година, тој постигнал договор со екипата во која што ја започнал својата кариера, Ајакс.nos.nl , Davids signs for Ajax. 28 January 2007 Својот прв натпревар го одиграл во дербито против Фејенорд на 4 февруари. Во својот втор престој во клубот Давидс ја покажал својата класа повторно и бил еден од најдобрите играчи од средниот ред во првенството, кое сепак Ајакс го загубил од ПСВ во последното коло од сезоната и тоа за само еден единствен гол. Сепак, Ајакс имал повеќе среќа во Купот на Холандија, каде во финалето против Аз Алкмар се изведувале пенали откако по регуларното време завршило 1-1, а Давидс го реализирал одлучувачкиот пенал и му ја донел титулата на амстердамскиот тим.

Пред почетокот на сезоната 2007-2008, на 22 јули за време на летен пријателски натпревар против Го Ахед Иглс, во еден двобој тој ја скршил својата нога поради што морал да го пропушти поголемиот дел од сезоната. Во втората сезона тој освоил уште едно второ место во Ередивиси, овојпат три бода зад шампионот ПСВ. Во мај 2008 година, Давидс најавил дека ќе го напушти Ајакс кога неговиот договор ќе истече на 30 јуни истата година.

Последните години од кариерата Откако не го продолжил својот договор со Ајакс, Давидс не потпишал договор со ниту една екипа до крајот на 2008 година. После одржувањето на кондицијата, и тренирањето со АФК од почетокот на 2009 година, на 9 септември Давидс го најавил неговото враќање на терените, во редовите на ; но сепак, клубот од Арнем подоцна се откажал од договорот, поради високите економски барања на играчот.

На 20 август 2010 година, по повеќе од две години неактивност, бил официјализиран неговиот ангажман во англискиот Кристал Палас во Чемпионшип. Неговата авантура со орлите траела не полни три месеци, кога на 8 ноември 2010 година после само 7 одиграни натпревари Давидс го напуштил клубот Својот период во Палас го нарекол како "едно од најголемите искуства во мојот живот".

По заминувањето од Кристал Палас, Давидс објавил дека ја завршил својата кариера. Сепак, на 12 октомври 2012, тој ја прифатил понудата на англискиот четвртолигаш (Лига Два) Барнет, каде заедно со Марк Робсон ја извршувал улогата на играч - тренер. На 29 декември, по заминувањето на Робсон, Давидс целосно го презел тренерското раководство во клубот. На 28 декември 2013 година, дефинитивно ја завршил својата играчка фудбалска кариера.

Репрезентативна кариера thumb|right|Давидс со холандската репрезентација во полуфиналето на Светското првенство 1998 во Франција против . Тој бил важен дел од холандската репрезентација уште од своето деби во април 1994 година против , но никогаш не освоил ниту една титула или медал во дресот на Орање.

За време на Европското првенство 1996 во Англија, тој бил испратен дома од тогашниот селектор Гус Хидинк откако во едно интервју за радио Давидс рекол „Хидинк треба да престане да пика главата во газовите на некои играчи“. И покрај полемиката со селекторот, тој останал ценет кај Хидинк, кој го вклучил во составот на Холандија за Светското првенство 1998 во Франција. Таму Давидс одиграл 6 натпревари, а најдобриот момент го имал во осминафиналето против СР Југославија кога го постигнал победничкиот гол во последните минути од натпреварот со што и овозможил на Холандија пласман во четвртфиналето и двобој со . Орање го освоила четвртото место на ова натпреварување, а Давидс бил избран во ФИФА „Тимот на турнирот“.

thumb|left|Давидс (со бр.8) во дресот на Холандија, во натпревар против на Евро 2004. Две години подоцна, тој исто така учествувал на Европското првенство 2000, на кое заеднички организатори биле Белгија и Холандија. Сепак и покрај тоа што биле домаќини на турнирот, Давидс и неговите соигачи повторно не успеале да се пласираат во финале, откако биле поразени по изведување на пенали во полуфиналето против . Играчот од средниот ред бил повторно вклучен во „Тимот на турнирот“, овојпат од страна на УЕФА.

На 17 мај 2001 година, тој бил суспендиран на четири месеци од ФИФА, заедно со други холандски играчи, вклучувајќи го и тогашниот капитен на репрезентацијата Франк де Бур, откако бил тестиран позитивно на анаболичен стероид, нандролон, за време на пријателскиот натпревар помеѓу Холандија и .

Последниот голем турнир на кој настапил со холандската репрезентација било Европското првенство 2004 во Португалија, на кое Орање уште еднаш била сопрена во полуфиналето овој пат од домаќинот со 2-1.