Свети Кристофер-Невис-Ангвила () — поранешна прекуокеанска територија на Обединетото Кралство која се наоѓала во Карипското Море. Во 1958 година оваа територија сочинувала една покраина на краткотрајната Западноиндиска Федерација. По падот на федерацијата регионот неколкупати се обидувал да се обедини во некоја друга унија.
Во 1967 година територијата Свети Кристофер-Невис-Ангвила се стекнала со целосна внатрешна автономија. Во 1971 година островот Ангвила жестоко барал одделување од територијата и набрзо се стекнал со такво отцепување. Во 1980 година отцепувањето и официјално било прифатено. Три години подоцна, Невис и Свети Кристофер се стекнале со независност од Британија и денес се обединето како Федерација Свети Кристофер и Невис. Ангвила и денес е британска прекуморска територија.
Поврзано Ангвила Свети Кристофер Невис Свети Кристофер и Невис
Категорија:Историја на Свети Кристофер и Невис Категорија:Историја на Ангвила Категорија:Држави и територии распаднати во 1983 година