Бараково — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 м. Лежи недалеку од градот Демир Хисар на оддалеченост од 5,3 км и тоа во североисточен правец. Атарот е мошне мал и зафаќа протор од само 1,8 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 97,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 38,3 ха, а на шумите само 1 ха.
Потекло на името Селото го добило името според првиот жител Барак (Барако+ово+село). Барак е лично име кое се споменува во XVI век.
Историја
Селото првпат се споменува во опширниот пописен дефтер од 1468 година, под ојконимот Баракова, како село во Битолската Каза, со вкупно 6 семејства и 1 вдовица, или вкупно околу 20 жители. Приход имале и плаќале 321 акче.Во Опширниот пописен дефтер број 993 и 988 од 1468 г. (Пописот опфатен од лист 1-10 на Дефт. бр. 993 и од лист 11 -97 на дефт. број 988). М. Соколовски, Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971, стр.
Селото претставувало дел од тимарот што му припаѓал на Мехмеди, син на Али, во сума од 500 сребрени пари.
Селото се споменува и во дефтерот од 1538 година, со 28 жители.
Во XIX век, Бараково се наоѓало во Битолската Каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Атарот е мошне мал и зафаќа простор од само 1,8 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 97,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 38,3 ха, а на шумите само 1 ха. Селото има полјоделска функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бараково имало 72 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бараково имало 72 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бараково се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 21 куќа.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.
Селото е мало и во 1961 година броело 118 жители, а во 1994 бројот се намалил на 74 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 67 жители, од кои 66 Македонци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 49 Македонци и 6 лица без податоци.
Родови
Бараково е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Доселенички: Орманковци (3 к.) доселени се од селото Прострање, Кичевско; Дуртановци (2 к.) доселени се од селото Железнец; Лазоровци (1 к.) доселени се од селото Света; Грујовци (3 к.), Пандаровци (3 к.) и Ќибилевци (4 к.) доселени се од селото Вардино; Нечовци (2 к.) доселени однекаде.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Бараково, се наоѓале и селата Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Граиште, во која влегувале селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Превалец — некропола од средниот век; Старо Село — црква и населба од средниот век; Црквиште — црква од средниот век.
Цркви Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква;
Споменици Споменик за НОБ
Личности
Борис Вељановски — македонски партизан
Иселеништво Од Бараково највеќе од населението е иселено во Битола. Но одреден број е иселен и во Скопје, Прилеп, Демир Хисар, како и во САД и Австралија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар