Лесково — напуштено село во Општина Демир Хисар, во областа Железник. Денес во него има остатоци од неколку куќи, црква и селска чешма.
Географија и местоположба Ова е типично планинско и село, сместено на тешко пристапна положба на ридот Илиница. Атарот му зафаќа површина од и лежи на надморска височина од 1.000 м.
Историја Во XIX век Лесково било наполно македонско село во Демирхисарската нахија на Битолската Каза. Црквата „Св. Илија“ е од XIX век.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Лесково (Лсково) имало 260 жители, сите Македонци христијани.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лесково се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 53 куќи.
Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лесково живееле 280 Македонци под егзархијата.
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. четворица лесковчани се земени во Македонско-одринските чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.859.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Во 1953 г. селото броело 320 жители, за во 1971 г. да се намали на само 67. Напуштено е некаде по 1981 г., кога, според пописот од таа година, имало само еден жител.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Родови Лесково е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
Староседелци: Ѓорговци (4 к.); Огненовци со Грујовци (5 к.); Димовци (6 к.); Станковци (1 к.); Џмурковци со Савевци и Новевци (4 к.); Младеновци (1 к.); Кузмановци со Стевановци и Јоновци (12 к.); Нечовци со Мирчевци и Мицковци (7 к.) Доселеници: Терзијовци (3 к.) потекнуваат од домазет. доселени се однекаде; Зенговци (8 к.) доселени се од селото Прострање кај Кичево. Го знаат следното родословие: Тасе (жив на 65 г. во 1952 година) Крсте-Стојче-Петко, кој се доселил во селото.
Културни знаменитости Црква „Св. Илија“ — селска црква од XIX век, обновена во 1980 г. селска чешма, обновена во 1991 г. Споменик на паднатите борци од НОБ
Археолошки наоѓалишта Околу селото можат да се сретнат следниве археолошки наоѓалишта кои сведочат за неговото средновековно минато:
Илиница — остатоци од старата средновековна црква посветена на св. Илија, 1,5 км источно од селото Ѓурѓа — остатоци од средновековна црква посветена на св. Ѓорѓи, 1 км западно од селото Манастириште — грамадни остатоци од средновековна црква, 1,5 км јужно од селото
Личности Александар Андоновски (р. 1 март 1939) — математичар, универзитетски професор Диле Ѓоргиов Андоновски — македонски револуционер од ВМОРО. Ристе Кузманов Илиовски — македонски револуционер од ВМОРО.
Иселеништво До 1952 година иселеници од селото имало во Романија (1 семејство), Битола (2 семејства) и во Крушево (1 семејство).
Посилен бран на иселување има после 1960 година кон Демир Хисар, Битола и др. Селото се смета како напуштено уште од 1981 година, кога последен пат е забележан 1 жител.
Занимливости Македонскиот писател Горјан Петревски, дејствието на романот „Вечниот ветар“ го сместува во Лесково, во шеесеттите години на минатиот век.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар
Категорија:Раселени села во Македонија Категорија:Села со слава Илинден во Македонија