Суво Грло — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Географија и местоположба Селото се наоѓа областа Железник, во источните падини на Плакенска Планина, на левиот брег на Црна Река. Оддалечено е 11 километри северно од Демир Хисар.
Историја
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Суво Грло живееле 55 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Суво Грло имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сухо Грло се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 7 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Суво Грло живеат 8 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Родови Суво Грло е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:
Староседелци: Кузмановци (10 к.) и Грујовци (7 к.). Доселеници: Богојовци (3 к.) доселени се од селото Зашле, каде припаѓале на родот Шулевци; Трајковци (4 к.) доселени се од селото Ракитница; Митревци (3 к.) доселени се од селото Слепче во 1905 година.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 656 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — главната селска црква; Црква „Св. Богородица“ — црква што се наоѓа на 300 метри над селото
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка картаг на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Горна Црква — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани
Личности
Јанкула Трајчев Груовски — македонски револуционер, илинденец.
Култура и спорт
Иселеништво Ова село било едно од ретките села од каде населението не се селело до 1952 година, иселеници имало само во Битола (1 семејство).
Поголем бран на иселување имало после 1960 година, па така денес селото е пред целосно изумирање
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар