На запад ништо ново е американски воен филм од 1930, снимен врз основа на истоимена новела од Ерих Марија Ремарк. Филмот бил режиран од Луис Мајлстоун, а глумеле Луис Волхејм, Лу Ајрис, Џон Реј, Арнолд Луси и Бен Александар.

„На запад ништо ново“ се смета за реален и страшен приказ на војувањето во Првата светска војна и е рангиран на #54 на листата „100 години... 100 филма“ на американскиот филмски институт. Во јуни 2008, по избирањето на 1.500 работници од креативната заедница, АФИ ги објавил неговите 10 најдобри 10 - десетте филма во секој од десетте „класични“ американски жанрови; „На запад ништо ново“ бил рангиран на седмата позиција за најдобар филм во жанрот епика. Во 1990 филмот бил одбран да биде зачуван од страна на библиотеката за национално филмски регистар на САД обележувајќи го како „културно, истористи или естетски значаен“. Овој фил бил првиот кој освоил два оскари: Оскар за најдобра продукцја и Оскар за најдобар режисер.http://www.imdb.com/title/tt0020629/awards

Наводи

Категорија:Филмови од 1930 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови засновани на воени романи Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на германски јазик