Сретеново — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Воздушен поглед Сретеново и Стар Дојран, кои денес се буквално споени едно со друго
Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со државната гранична линија со Грција и се спушта до брегот на Дојранското Езеро. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри. Селото се наоѓа на југозападниот дел на Дојранското Езеро, кое е речиси споено со административниот центар на општината, Стар Дојран. На 1,5 километар се наоѓа македонско-грчката граница.
Низ селото поминува регионалниот пат 1105, кој завршува на самиот граничен премин.
Најјужниот дел на атарот на селото е оддалечено 57,15 километри од Солунскиот Залив и со тоа е најблиска точка на Македонија до некое море.
Историја
Подрачјето на Сретеново е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци од населба на наоѓалиштето Мешино Брдо.
Селото е основано од 29 српски семејства, кои биле колонизирани по завршувањето на Првата светска војна.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 15,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 719 хектари, на шумите отпаѓаат 509 хектари, додека на обработливите површини 209 хектари.
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во него работи фабрички погон, земјоделска задруга и услужни објекти.
Во поново време, во селото е особено развиен туризмот.
Население
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 151 жител, од кои 72 биле Срби, 35 Хрвати, 28 Македонци, 8 Црногорци и пет жители Албанци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 268 жители, од кои 142 биле Македонци, 62 Срби, 25 Роми, 11 Турци и четири жители Албанци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 315 жители, од кои 205 Македонци, 11 Турци, 36 Роми, 1 Влав, 29 Срби и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 344 жители, од кои 246 Македонци, 10 Албанци, 8 Турци, 19 Роми, 43 Срби, 13 останати и 5 лица без податоци.
Општествени установи
Амбуланта Дом на културата
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Сретеново се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Нов Дојран, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0385 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Стар Дојран.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 603 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 598 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Петка“
Археолошки наоѓалиштаОва се археолошките наоѓалишта во атарот на селото, кои во литературата погрешно се сместуваат во Стар Дојран Мешино Брдо — населба од доцноантичко време (всушност во Сретеново); и Мрдаја — наколна населба од доцнобронзено и рано железно време.http://vecer.mk/kultura/novi-naodi-na-lokalitetot-mrdaja Откриени амфоровидни садови на локалитетот Мрдаја''''
Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква.
Личности
Родени во или по потекло од Сретеново Светомир Шкариќ (р. 1941) — македонски правен научник и поранешен професор
Галерија
Поврзано Општина Дојран Дојранско Езеро
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Дојрански села Категорија:Села во Општина Дојран