Житоше — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Историски, селото било поделено на Горно и Долно Житоше, кои денес се споени во едно село.
До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била припоена со Општина Долнени.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Сретселото
Селото се наоѓа во крајниот западен дел на Прилепското Поле, а на западната страна на територијата на Општина Долнени, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево. Селото е рамничарско, на надморска височина од 630 метри. Оддалечено е 30 километри северозападно од Прилеп и 24 километри северно од Крушево.
Горно Житоше
Горно Житоше било познато албанско село, а околни села биле Долно Житоше, Борино, Селце и други. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари, а имало и неколку извори во близина на селото.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мусица, Извор, Житошанец, Црвени Брегои, Балабанои Коњи, Влашки Пат, Шопур, Габер, Равна Чука, Лозишта, Меѓе, Бела Калица, Браница, Шеделица, Коњска Ливада, Дабјански Пат, Кадиов Даб и Лавци.
Селото има збиен тип, поделено на Горно и Долно Маало.
Долно Житоше
Долно Житоше било мало село во непосредна близина на познатото Горно Житоше, а околни села биле Локвени и Норово. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари, а над селото се наоѓаат послабите извори Неделојца и Леска.
Бидејќи е мало село, тоа не се делело на маала. Сепак, куќите се доста разредени и без огради на дворовите.
Историја Горно Житоше
мини|300п|десно|Поглед на Горно Житоше
Помеѓу Горно Житоше и Лажани се наоѓа селиштето Лавци, каде денес има ниви. Житошани при орање на нивите наоѓале големи ќупови, ќерамиди и темели на стара црква. Се говори дека некогаш тоа село броело 500 куќи, но подоцна тоа запустело. Друго селиште, но без остатоци на старини, се наоѓа во шумата западно од Житоше. Источно од селото пак се наоѓаат урнатини од црквата „Св. Ѓорѓи“, околу која се наоѓаат стари христијански гробови.
Житоше е старо село, споменато во Слепченскиот кодик и кодикот на манастирот Трескавец во и век. Поради поволната местоположба и плодноста на земјата, се говори дека некогаш го носело и името Лично Село. Житоше некогаш било христијанско словенско село, но на почетокот на тука се доселиле седум муслимански семејства, кои на почетокот живееле во колиби. Од едно од тие семејства денес потекнува родот Балабановци, кои денес говорат албански, иако се наведува дека нивните предци се од Мала Азија. Останатите доселеници биле Арбанаси.
По доселувањето на муслиманското население, христијаните потполно се иселиле.
Стариот пат Битола-Порече воделе преку Житоше, а преку него до крајот на отоманскиот период се одвивал целокупниот сообраќај. Во тоа време, во селото се наоѓал ан. По патот се пренесувала железна руда од поречкото село Самоков во Битола. Низ селото поминувал итн. Дабјански пат, од поранешното село Дабјани до Горно Житоше. По овој пат, селаните од Дабјани доаѓале до житошките воденици.
Долно Житоше
мини|300п|десно|Поглед на Долно Житоше
Долно Житоше е старо христијанско словенско село. Во втората половина на век во него имало 60 до 70 македонски куќи, но се случил зулум, поради што сите христијани се иселиле. Некои заминале во Крушево, други во Прилеп и во Србија.
Зулумите над Македонците ги вршеле муслиманските Арбанаси од соседното Горно Житоше. Последните стари христијански семејства го напуштиле селото во 1913 година.
Во 1908 година, во селото постоеле два чифлици, едниот на Фаик-ага, Торбеш од Лажани, а другиот на Попевски од Прилеп. Кулата на првиот чифлиг постоела до 1950-тите години. Од втората половина на век, голем дел од земјата на Долно Житоше присвоиле Арбанаси од Горно Житоше, поради што селата полека добиле заеднички атар.
Јужно од селото се наоѓа месноста Манастириште, каде се наоѓа средновековниот манастир „Св. Атанасиј“. По иселувањето на христијаните од Долно Житоше, манастирот бил напуштен, а од 1912 година за него се грижат христијаните од селото Локвени (денес припаѓа и во неговиот атар). Манастирот бил доста познат, а на денот на манастирската слава се собирале гости од сите села. Во 1950-тите години, манастирот бил напуштен и полуразрушен. Денес, манастирот повторно е возобновен со конаци.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 15,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.014,3 хектари, на шумите отпаѓаат 248,2 хектари, додека на пасиштата 190,1 хектар.
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има продавници и угостителски објекти.
Население
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 50 христијански семејства и 2 вдовици христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр. 63
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година селото било поделено на христијанско Житоше со 35 домаќинства и 153 христијани (Македонци) и муслиманско Житоше со 94 домаќинства и 232 жители муслимани, 83 Македонци и 21 Ром.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 74-75.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Житоше живееле 560 Албанци, 75 Роми и 66 Македонци, а во Долно Житоше 102 Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 245. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Житоше имало 48 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 148-149.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Житоше се води како две села во Прилепската Каза, Горно Житоше (македонско) со 15 куќи и Долно Житоше (македонско-албанско) со 106 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Албанци и 50 други жители.
Житоше е големо село, коешто во 1961 година броело 1.435 жители, од кои 1.298 биле Турци, 70 Македонци и 48 Албанци, додека во 1994 година селото броело 1.773 жители, од кои 1.054 биле Албанци, 86 Турци, 3 Македонци, 8 Срби и 622 жители изјаснети како други.
Според пописот од 2002 година, во селото Житоше живееле 1.807 жители, од кои 3 Македонци, 1.158 Албанци, 17 Турци, 5 Срби, 604 Бошњаци и 20 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.690 жители, од кои 1 Македонец, 1.280 Албанци, 10 Турци, 3 Срби, 354 Бошњаци и 42 лица без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Лажани:
Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Бошњаци Вкупно 1948 — — — — — — — — 1.244 1953 16 512 756 17 10 — 16 — 1.327 1961 71 48 1.298 — 11 — 7 — 1.327 1971 9 61 888 0 6 — 658 — 1.622 1981 4 183 315 1 8 — 1.246 — 1.757 1991 1 1.005 94 0 8 — 677 — 1.785 1994 3 1.054 86 0 8 — 622 — 1.773 2002 3 1.158 17 0 5 604 20 — 1.807 2002 1 1.280 10 0 3 354 0 42 1.690
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови Горно Житоше
Селото Горно Житоше е албанско муслиманско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се: Албански родови: Балабановци (6 к.), поалбанчени Турци. Потеклото им е од Мала Азија. Еден нивен предок изградил џамија; Оџовци (18 к.), основачот на родот Асан бил оџа. Доселени се на почетокот на XIX век; Кера (12 к.) и Салиќевци (11 к.), доселени се од селото Белово кај Пешкопеја, и тие се доселени почетокот на XIX век; Дешат (7 к.), доселени се од Дешат кај Пешкопеја. Од споменатото место се иселиле двајца браќа, едниот во Житоше, а другиот во Гостиварско; Дерала (4 к.), доселени се од областа Матија во Албанија, имаат роднини во соседното село Лажани и во Градец (Полог); Цолја (14 к.), доселени се од некое место во Албанија. За нив се зборува дека порано биле католици; Виша (9 к.), доселени се од селото Вшје во Љума (Северна Албанија); Хоти (5 к.), доселени се од околината на Елбасан; Дема (11 к.), Божољи (9 к.), Дулја (6 к.), Мале (5 к.), Далиповци (5 к.), Зира (4 к.) и Шаини (1 к.), доселени се однекаде од Албанија. Постои род Дема во Дебар; Цука (6 к.), доселени се од Дебарско, имаат роднини во Дебарско, Лисичани, Лажани и во Борино; Абдиовци (10 к.), доселени се од околината на Пешкопеја; Боровјане (2 к.), доселени се од селото Боровјане кај Призрен (Косово); Трновчани (3 к.), доселени се од селото Трново кај Гостивар во 1940-тите; Рушановци (5 к.), потекнуваат од предокот Селим. Селим се доселил како домазет од сега раселеното село Солп (кај селата Цер и Црско); Браќани (1 к.), доселени се од селото Браќани, Порече; Шутовци (6 к.) доселени се од селото Шутово, Кичевско; Бала (2 к.), доселени се од околината на Пешкопеја; Ќуска (2 к.), доселени се од соседното село Норово; Ислаиловци (2 к.), Алчија (5 к.) и Циналар (5 к.), доселени се од Албанија. Српски родови: Милиќевиќи (1 к.), доселени се во 1922 година како колонисти од селото Добри Дол кај Ужице. Бошњачки родови: Бошњаци (11 к.), доселени се 1955 година од околината на Сјеница. Влашки родови: Шула (1 к.) на лето живеат во Житоше, а на зима во Крушево.
Долно Житоше
Во минатото Долно Житоше било христијанско словенско село, додека денес е албанско муслиманско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се: Муслимански родови: Исмаиловци (6 к.), доселени се во 1908 година од селото Пласница, Кичевско. Кога дошле зборувале македонски, а сега зборуваат албански; Мустафовци (1 к.) и Еминовци (1 к.), доселени се во 1920 година од Прилеп, зборуваат турски; Еминовци (1 к.), доселени се од селото Прибилци, Железник во 1920 година. Зборуваат албански; Исеиновци (1 к.), доселени се од селото Туин, Кичевско. Зборуваат албански; Беадиновци (1 к.), доселени се во 1944 година од околината на Кичево. Зборуваат албански; Афузовци (3 к.), доселени се во 1952 година од Горно Житоше, таму припаѓале на родот Цолја; Аметовци (1 к.), доселени се во 1952 година од селото Србица, Кичевско, зборуваат албански; Елмазовци (1 к.), доселени се во 1910 година. Зборуваат ромски, македонски и албански. Православни родови: Ѓушо (1 к.), лето живеат во Долно Житоше, а зимо во Крушево, зборуваат влашки; Тале (1 к.), доселени се во 1954 година од Крушево, зборуваат влашки; Китановци (1 к.) и Стрезовци (1 к.), доселени се од селото Извор, Кичевско. Зборуваат македонски.
Доселување на Бошњаци
Во век се зголемил бројот на имиграцијата кога се доселени Бошњаците. Бошњаците се релативно доцна доселени на територијата на Македонија. Првите населувања на Бошњаци од Босна и Херцеговина се забележуваат после Големата источна криза и анексијата на Босна од страна на Австроунгарија во 1875-1878 година. Во овој период огромен број на муслимански бегалци (Бошњаци, Турци, Черкези) бил населен во Македонија. По Балканските војни речиси сите доселени муслимани се иселиле во Турција.