Течни согласки (ликвиди) се класа на согласки што ги опфаќа страничните и вевните (ротски) согласки.Ladefoged and Maddieson (1996), стр. 182
Македонскиот јазик има три течни фонеми: две странични (л), (љ) и една вевна (р).
Во европските јазици Многу европски јазици имаат една странична и една вевна фонема. Македонскиот и некои други како српскохрватскиот, грчкиот и италијанскиот имаат повеќе од две. Јазиците на Пиринејскиот Полуостров имаат по четири: , , и венечна трепетна согласка (освен португалскиот, каде четвртата е грлена трепетна или струјна согласка). Трети пак, како рускиот и ирскиот, разликуваат палатализирани (омекнати) странични–вевни парови од нивните непалатализирани (или веларизирани) пандани (на пр. (л-р и ль-рь) во рускиот).
Остатокот од светот Во другите делови од светот, највеќе јазици имаат по две течни согласки, освен северноамериканските и австралиските јазици. Во Северна Америка, највеќето јазици немаат вевни гласови, но затоа имаат голем број на странични гласови – иако највеќето се попречни странични гласови, а не течни. Речиси сите австралиски јазици се многу богати со течни согласки - некои имаат дури по седум. These typically include dental, alveolar, retroflex and palatal laterals, and as many as three rhotics.
Од друга страна, постојат многу домородни јазици во Амазонската Долина и источна Северна Америка, како и неколку во Азија и Африка, што воопшто немаат течни согласки. Полинезиските јазици имаат само по една, која може да биде странична или вевна.
Потекло на поимот Граматичарот Дионисиј Тракиски (170 – 90 п.н.е.) ги опишал фонемите во старогрчкиот јазик како ὑγρος (хигрос = „влажни, течни“).υγρός - грчко-македонски речник на он.нет Се смета дека ова се однесува на тоа што тие делуваат „лизгаво“ врз метарот во класичните стихови кога се јавуваат како втора буква во согласна група.
Поврзано Начин на творба Список на теми од фонетиката
Наводи
Категорија:Согласки Категорија:Фонетика Категорија:Фонологија