Сливје — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба Сливје се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, непосредно од десната страна на реката Рибник. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 625 м. Од Прилеп е оддалечено 29 км. Селскиот атар зафаќа површина од 2,6 км2.
Стопанство Селото има полјоделска функција и на неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 186 ха.
Население
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година како дел од Прилепскиот Вилает и во него живееле 37 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ, кн. 4. Скопје. стр.53.
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сливје било село со 18 домаќинства и 85 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сливје имало 82 жители Македонци и 14 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 56 жители Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сливје се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, од кои 21 Македонец и 2 лица без податоци.
Родови
Сливје е македонско село.
Родови во селото се: Кунтушовци (6 к.) по потекло се од селото Бистрица, Азот, го знаат следното родословие: Илија (жив на 67 г. во 1950-тите) Стојан-Трајко, основачот на родот, Трајко од Бистрица најпрво се доселил Браилово, па потоа во Пешталево, па се вратил назад во Браилово, во Сливје дошол синот на Трајко, Стојан; Михајловци (3 к.) доселени се од селото Рилево, таму припаѓале на родот Машуловци кои биле староседелци; Минчевци (4 к.) доселени се од Заград, тоа е сега раселено село близу Прилеп, во Сливје дошле 1900 година; Спировци (3 к.) доселени се во 1900 година од селото Секирци, таму припаѓале на родот Тренковци; Котевци (3 к.) доселени се во 1900 година, пред тоа живееле во селото Браилово и некои други прилепски села; Антовци (5 к.) доселени се во 1902 година, пред тоа живееле во Браилово, Ропотово и Пешталево; Стамболџиовци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Зрзе, таму припаѓале на истоимениот род, подалечно потекло имаат од Дебарско; Тренковци (1 к.) доселени се од селото Секирци, таму потекнувале од домазет доселен однекаде; Ропановци (1 к.) доселени се од Рилево, таму имаат истоимени роднини доселени однекаде.
Општествени установи Во селото порано имало основно училиште во коешто се одржувала настава до четврто одделение.
Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.
Избирачко место Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1482 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на поранешното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.
Културни знаменитости мини|десно|200п|Црквата „Св. Атанасиј“ Археолошки наоѓалишта Црква — црква од непознат период; Меѓа — некропола од непознат период; Каменица — некропола од непознат период.
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Долнени