мини|Пресечен приказ на венечно-преднонепчен струен глас
Венечно-преднонепчена согласка (алвеопалатал) е согласка чија творба се случува измеѓу преднојазичните и среднојазичните согласки. На полната табела на МФА, венечно-преднонепчените согласки се сместени помеѓу свиените и преднонепчените согласки, но поради „немање на доволно простор“.John Esling, 2010, "Phonetic Notation". In Hardcastle, Laver, & Gibbon, eds, The Handbook of Phonetic Sciences, стр. 693 Ледифогид и Медисон ги карактеризираат како палатализирани (омекнати) задновенечни гласови (омекнати преднонепчено-венечни гласови) што се создаваат со рамниот дел од јазикот зад забиот венец и главнината од јазикот повишена кон тврдото непце,, додека Ислинг ги опишува како издадени преднонепчени гласови (претпреднонепчени), (најнапред од сите среднојазични согласки), што се создаваат со главнината на јазикот кога се доближува до забниот венец. Овие описи се практично истоветни, бидејќи во контактот се вклучени и рамниот и основниот дел (но без врвот) од јазикот. Доволно се напред за струјните и слеаните гласови да бидат шушкави, па затоа воедно се и единствените шушкави од среднојазичните согласки.
Шушкави венечно-преднонепчени согласки Венечно-преднонепчените шушкави согласки се застапени во кинеските јазици како мандаринскиот, хака и ву, други јазици од источноазискиот јазичен сојуз како јапонскиот и корејскиот, словенски јазици како спрскохрватскиот, полскиот, рускиот и северозападните кавкаски јазици како апхаскиот и убишкиот. Според Меѓународната фонетска азбука, постојат следниве венечно-преднонепчени согласки:
МФА Опис Пример Јазик Правопис МФА Значење безвучна венечно-преднонепчена струјна согласка мандарински 小 (xiǎo, сјао) мал звучна венечно-преднонепчена струјна согласка полски zioło билка безвучна венечно-преднонепчена слеана согласка српскохрватски кућа / kuća куќа звучна венечно-преднонепчена слеана согласка српскохрватски ђаво / đavo ѓавол
Буквите ⟨⟩ и ⟨⟩ се во суштина истоветни на ⟨⟩ и ⟨⟩. Тие се шушкави хомолози на претпреднонепчените струјни гласови и .
Наводи
Категорија:Согласки