Индија, служб. Република Индија или Бахарат ( ) — држава во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски патишта. Со крајбрежје од преку 7,000 километри, Индија дели граници со Пакистан, Народна Република Кина, Мјанмар, Бангладеш, Непал, Бутан, и Авганистан. Шри Ланка, Малдивите и Индонезија се одделни островски нации. Индија е прва земја по број на жители во светот со 1,428,929,000 жители и седма по географска големина со 3,287,590 км2. Главен град е Њу Делхи.
Дом на прастарата Цивилизација на Индиската Долина и област на историските трговски патишта и пространи империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја. Четири од главните религии во светот: хиндуизмот, будизмот, џаинизам и сикизмот, потекнуваат од тука, додека зороастризмoт, јудаизмот, христијанството и исламот, пристигнуваат во првиот милениум пред нашата ера и го оформуваат регионот на разновидни култури. Постепено, припиена од страна на Британската источноиндиска компанија од почетокот на 18 век и колонизирана од страна на Велика Британија од средината на 19 век, Индија станува независна држава во 1947 година, по борбата за независност која била одбележана како ненасилен отпор предводен од Махатма Ганди.
Индија е федерална уставна република со парламентарна демократија што се состои од 28 држави и унија на седум територии. Составена од плуралистичко,повеќејазично и мултиетничко општество, Индија исто така е дом на разновиден жив свет во најразлични заштитени животни средини. Индиската економија е единаесетта по големина светска економија според номиналниот БДП и четврта по големина од паритетот на куповната моќ. Од воведувањето на пазарна економија и економските реформи во 1991 година, Индија станува една од брзорастечките економии во светот, сепак, земјата продолжува да се соочува со сиромаштијата, неписменоста, корупцијата и предизвиците поврзани со јавното здравство. Индија е класифицирана како една од ново индустријализираните земји и таа е едена од четирите БРИК нации. Таа е шеста во светот де факто држава со јадрено оружје и е трета по големина вооружена сила во светот, а нејзините воени трошоци се рангирани на десеттото место во светот. Индија е регионална сила во Јужна Азија.
Таа е една од основачите на Обединетите нации, на Движењето на неврзаните земји, на Светската трговска организација, на Јужноазискотоздружение за регионална соработка, на Самитот на Источна Азија, на Г-20 и на Г8 +5; членка на Комонвелтот на нациите; и држава набљудувач во Шангајската организација за соработка.
Етимологија thumb Името Индија е изведено од Индус, кој потекнува од староперсискиот збор Хинду, од санскрит Синдху, историски локална ознака за реката Инд. Старите Грци им се обраќаат на Индијците како Indoi (Ινδοί), народот од Инд. Уставот на Индија и заедничка примена во различни индиски јазици исто така, го признава Bharat (се изговара [b ʱ ɑ ː rət̪] (слушам)) како официјално име на еднаков статус. Името Bharat е изведено од името на легендарниот крал Бхарата во хинду писмо. Хиндустан ([hɪnd̪ʊstɑ ː n] (слушам)), кој првично бил персиски збор за "земја на Хиндусите", се користел за северна Индија, а исто така повремено е користен како синоним за цела Индија.
Историја Античка Индија Индија имала значајна улога во историјата на светот, бидејќи била место каде што се развивале четирите најголеми стари цивилизации кои биле центри на трговијата и големата владетелност. Во Индија се развивале три големи религии: будизам, ламаизам и хиндуизам, а и исламот оставил неизбришлива трага. Цртежите од каменото време сведочат за постоењето на Индијците. Остатоците од првите населби во Индија се стари 9000 години, а луѓето најчесто се населувале по долините на реките Инд и Ганг поради поволните услови за живот. Оваа земја имала неколку владетели кои биле од различни религии и на различен начин придонесувале за нејзиниот развиток. По долга борба за независност, под водство на Махатма Ганди и Џавахарлал Нехруа, Индија била прогласена за независна држава во 1947 година. Камените засолништа од каменовреме со слики на Bhimbetka камени засолништа во Мадја Прадеш се најраните познати траги на човечки живот во Индија. Првата позната постојана населба се појавува пред околу 8.500 години и постепено се развива во Цивилизација од долината на Инд, која датира од 3400 пред нашата ера во западниот дел на Индија. Тоа е проследено со Ведскиот период, кој ги поставил основите на хиндуизмот и други културни аспекти на раното индиското општество, а завршува во 500 п.н.е.. Од околу 550 години п.н.е., многу независни кралства и републики познати како Махајанападас биле основани низ целата земја.
Во 3 век п.н.е., најголем дел од Јужна Азија бил обединет во империјата Маурија од страна на Чандрагупта Маурија, која цутела во времето на Ашока Велики. Од 3 век од нашата ера, династијата Гупта владеела во период кој антички се нарекувал " Златното доба на Индија" . Империја во јужниот дел ги вклучува оние на Чалукјас, на Чолас и империјата Виџајанагара. Науката, технологијата, инженерството, уметноста, логиката, јазикот, литературата, математиката, астрономија, религијата и филозофијата цветале под покровителство на овие кралеви.
Средновековна Индија По Исламската инвазија од Средна Азија меѓу 10 и 12 век, голем дел од северна Индија потпаднал под власт на султанатот Делхи и подоцна на империјата Мугхал. Под власта на Акбар Велики, Индија постигнува голем културен и економски напредок, како и религиозна хармонија. Императорите Мугхал значително ги прошириле своите империи и покриле големи делови од потконтинентот. Сепак, во североисточна Индија, доминантна сила било царство Ахом на Асам, дел од неколкуте кралства кои се спротивставиле на покорувањето на Мугхал. Првата голема закана за империјалната моќ на Мугхал потекнува од Хинду Раџпут, кралот Маха Рана Пратап од Мевар во 16 век. До почетокот на 1700-тите, царството на Сиките и царството Маратас се појавиле како сериозни непријатели на Мугхал. По смртта на Аурангзеб, империјата Мугхал во се наоѓала во период на постепен пад и до средината на 18 век, голем дел од територијата на Мугхал се нашол под контрола на империјата на Хинду Марата. Од 16 век, европските сили, како Португалија, Холандија, Франција и Велика Британија воспоставиле трговски врски, а подоцна ги искористиле внатрешните конфликти за воспоставувње на колонии во земјата. До 1856, поголемиот дел од Индија е под контрола на Британското источноиндиско друштво. Една година подоцна, се организира национално востание од побунетите воени единици и царства, познато како Првата војна за независност на Индија или бунтот Сепој, кој сериозно ја предизвикал контролата на Друштвото, но на крајот бил неуспешен. Како резултат на нестабилноста, Индија била ставена под директна власт на британската круна.
Современа Индија За време на Првата светска војна, во Индија се пријавиле 1 300 000 доброволци кои се бореле за Британската Империја од кои погинале над 100 000. За време на војната владееле воени закони за политичкото дејствување (познати како Раулатови закони) кои забранувале секакво политичко агитирање, а тие закони останале во важност и по завршувањето на војната. Во знак на протест против забраната на слободниот говор, Махатма Ганди го организирал познатиот „хартал“, односно прекинувањето на сите деловни активности во градот Амрицар. Притоа, на 13 април 1919 година, демонстрантите се собрале на едно поле заградено со ѕид, британскиот генерал Даер, заедно со одред од 50 војници, отворил оган врз невооружените луѓе. Во таа прилика биле убиени 379, а ранети биле 1208 лица. Тој настан имал големо влијание врз разгорувањето на индиската национална свест, така што дури и умерените индиски политичари, кои дотогаш се задоволувале само со внатрешна самоуправа, станале поборници за национално ослободување.Svetozar Koljević, „Hiljadu i jedna ponoć Salmana Ruždija“, во: Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 731-732.
Водечка улога во националната борба за независност имал Индискиот национален конгрес (ИНК) и други политички организации. Неколку радикални индискиот револуционери, како што се Субхаш Чандра Босе и Бхагат Синг, го предводеле вооружениот бунт против британскиот Раџ. Под водство на Ганди, милиони Индијци учествувале во граѓанската непослушност „Напуштете ја Индија“, движење против Британскиот Раџ. Гандиевите идеи за ненасилен отпор и за бојкот („хартал“, „ахимса“ и „сатјаграха“), како и идеите за економска независност преку собирање морска сол и ткаење на рачни разбои, се покажале како мудра тактика во отпорот кон туѓинската власт, која одговорила со апсење на десетици илјади Индијци, а самиот Ганди бил неколкупати затворен (1922-1924, 1930-1931, 1932 и 1942, или вкупно 2 089 денови). Истовремено со борбата против британската власт, во некои краишта на Индија, на пример во Пенџаб, уште од 1921 година се појавиле муслимански и хиндуски движења за меѓусебен терор, додека во Бомбај, муслиманите и хиндусите спроведувале насилство врз христијаните, Евреите и Парсите. Во 1928 година, Џавахарлал Нехру, заедно со својот политички соборец, популарниот младински и синдикален раководител, Субхас Чандра Боз, јавно објавил дека националната независност претставува основна цел на политичката борба. Тогаш, Муслиманската лига, предводена од Али Џинах, почнала да се залага за поделба на Индија, односно за самоопределување на Муслиманите. На 3 септември 1939 година, лордот Линлитгау, вицекралот на Индија, го известил Конгресот дека Индија се наоѓа во војна со Германија без притоа да се посоветува со индиските политичари. Поради тоа понижување, водачите на Конгресот им наложиле на министрите во сите провинциски влади да поднесат оставки. Како реакција на тоа, Али Џинах го прогласил 22 декември за Ден на ослободувањето на индиските муслимани, а во март 1940 година, Џинах присуствувал на големиот собир во Лахор, истакнувајќи дека „Хиндусите и муслиманите припаѓаат на две различни религиозни филозофии, општествени конвенции и книжевности... односно, тие припаѓаат на две различни цивилизации.“ Ганди го осудил неговиот говор, повикувајќи на хиндуско-муслиманско единство и посочувајќи дека лахорската „Пакистанска резолуција“ претставува „вивисекција на Индија“ и „очигледно самоубиство“, но движењето за самостојност на муслиманите не можело да биде запрено. Во 1938 година, на изборите на индискиот Конгрес победила партијата на Чандра Боз, кој станал претседател на Конгресот. Во 1940 година, преку Москва, тој отпатувал во Берлин за подоцна, под германска и јапонска заштита, да се врати во Бурма, каде ја презел командата на 60 000 индиски војници, заробени во битката за Сингапур. Како водач на Индиската национална армија која се борела на страната на Јапонците, во 1943 година Боз формирал ја Привремена влада на слободна Индија. По завршувањето на војната, тој бил обвинет за велепредавство, но при обидот за бегство погинал во авионска несреќа во 1945 година. За време на неговото посмртно судење, него го бранела поголема група адвокати, меѓу кои и Нехру, благодарение на кои Боз станал национален јунак.Svetozar Koljević, „Hiljadu i jedna ponoć Salmana Ruždija“, во: Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 732-735.