Шарл Валентен Алкан (; - ) — француски композитор и еден од највиртуозните пијанисти на своето време. Неоговото еврејско потекло се гледа во неговите дела. Се запишал на Парискиот конзерваториум кога имал само 6 години. Освоил многу награди и станал познат виртуоз и учител. Се дружел со големи музичари и сликари како што се Ежен Делакроа, Франц Лист и Фредерик Шопен. Во 1848 година се повлекол од сцената и живеел осамен живот во Париз сè до неговата смрт.
Музика Исто како и Шопен, Алкан во главно компонирал за инструменти со дирки, вклучувајќи ги оргулите и педалиерот. Некои негови дела бараат голем виртуозиет, брзина и водење на контрапункциската линија. Неговата музика се смета за доста тешка за изведување. Напишал две збирки етида кои по тежината се еднакви како Листовите Трансцендетални етиди. Многу негови идеи се невообичаени и доста иновативни. користел т.к. „прогресивен тоналитет“ кој подоцна го употребил и данскиот композитор Карл Нилсен. Пр. неговата соната „Четири времиња“ започнува во де-дур, а завршува во гис-дур.
Техника Техниката на Алкан е доста карактеристична и може да се види во нековите композиции. Меѓутоа, оваа техника не одела на штета на музиката. Пример за тоа е неговото Ноктурно во бе-дур оп. 22. По неговото изведување на Бах на педалиера, д’Енди рекол: „Слушав, заледен на местото, изразито, кристално чисто свирење.“
Категорија:Романтистички композитори Категорија:Француски композитори Категорија:Еврејски композитори Категорија:Француски пијанисти Категорија:Еврејски пијанисти Категорија:Француски оргулари Категорија:Француски Евреи Категорија:Композитори на оргули