Свети Теодор Тирон (позната и како Свети Тодор) — помала гробишна црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.
Црквата се наоѓа на влезот во селото Кривогаштани од страната на Прилеп, на самиот регионален пат 1306. Околу црквата се наоѓаат гробишта.
Местоположба
Црквата е сместена во селото Кривогаштани.
Историја
Според истражувањето на Јован Трифуноски, црквата била изградена во 1937 година. Претходно на тоа место имало остатоци од стар храм. Според други извори, била изградена во 1936 година, а осветена на 9 март 1968 година од епископот Климент Преспанско-битолски.
Архитектура
Црквата има еднокорабна засводена градба.
Помошниот објект во црквата бил обновен во 2007 година со средства на мештаните.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Втора кривогаштанска парохија Кривогаштани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кривогаштани Кривогаштани