Речани (офиц. Речани - Зајаско) — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во Општина Зајас, Кичевско. Речани се наоѓа на Бачишка Река, на источните падини на Бистра Планина.

Историја Според податоците за 1873 година, Речани имало 6 домаќинства во 28 жители христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 92-93.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речани живееле 45 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Речани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 7 куќи.

Афанасиј Селишчев во 1929 година го опишал селото како христијанско.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Албанци.

Население

Според пописот од 2002 година, во селото Речани имало 101 жител, од кои 100 биле Албанци, и еден друг.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 46 Македонци, 1 Турчин и 1 лице без податоци.

Самоуправа и политика Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 825 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна деловна просторија.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 95 гласачи. Личности Личности родени во Речани:

Анто Божиноски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Венче Илиоски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ

Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Кочани

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Речани на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево