Свети Никола — главна селска црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.
Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото Кривогаштани. Околу црквата се наоѓаат гробишта.
Местоположба
Црквата е сместена во селото Кривогаштани.
Историја
Црквата била подигната во 1847 година. Била подигната на иницијатива на свештениците Стојан и Андреј од Кривогаштани, а била осветена во Пелагонискиот митрополит Венедикт Византиски во 1860 година.
Во 1942 година во црквата бил пронајден крушевскиот литургиски зборник со апокрифи, кој е кириличен ракопис од век. Потоа, бил однесен во крушевските цркви, а по војната бил префрлен во крушевскиот музеј.
Архитектура
Црквата претставува трикорабна базилика, со полукружна апсида на источната страна, која однадвор е расчленета со пет слепи ниши.
Во црквата се чува надгробна стела од мермер со релјефна претстава во две полиња. Во горниот дел лево има две мали фигури на постамент, а десно три фигури што лежат и десно од нив жена што седи. Во долното поле стојат три фигури.
Фрескоживопис
Храмот поседува живопис, кој го добила во 1860 година.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прва кривогаштанска парохија Кривогаштани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кривогаштани Кривогаштани Категорија:Дела на Дебарската школа