140п|л Натпреварите во современиот петобој на Летните олимписки игри 2012 во Лондон беа одржани на 11 и 12 август 2012 година. И во машката и во женската категорија учествувале по 36 натпреварувачи. Местата за одржување на дисциплините биле арената копер Бокс, за мечување, Центарот за водени спортови во Олимпискиот парк за пливање и Гриничкиот парк, за јавањето и за комбинираното крос-кантри трчање и стрелаштво. Современ петобој на Летните олимписки игри 2012Дисциплинимажи  жени Формат на натпреварување Современиот петобој содржи пет дисциплини; стрелаштво, мечување, 200 м пливање слободен стил, коњички скокови и 3 км крос-кантри трчање.

Ова биле први Олимписки игри во кои крос-кантри трчањето и стрелаштвото биле комбинирани; натпреварувачите биле соочени со три рунди на пукање, секоја рунда проследена со 1 км трчање. Во секоја од рундите во пукањето, натпреварувачите требало да погодат пет мети, наполнувајќи го пиштолот по секој истрел; потоа можеле да продолжат со трчање. Промашените истрели не биле казнети, но доколку се надминело времето од 70 секунди следувало казна.

Постоеле планови за замена на пиштолите со ласерски пиштоли, по успешниот обид на Летните младински олимписки игри 2010 во Сингапур. Овие планови пропаднале по гласањето на раководното тело на овој спорт, Меѓународната Унија за Современ Петобој.

Освојувачи на медали Мажи Жени Табела на медали 110011001301010101 5 00110011Вкупно2226

Наводи

Надворешни врски Систем на квалификации

Категорија:Спортови на Летните олимписки игри 2012 *