thumb|right|Остатоци на замокот Хадли, со поглед на Хадли Фарм
Хадли Фарм е место наменето за натпреварите во планински велосипедизам на Летните олимписки игри, како и на Параолимписките игри 2012 и се наоѓа во Хадли, во Есекс.
Место
Хадли Фарм е поседувана од христијанската организација „Армија на спасувањето“ и работи како образовно-работна фарма. Вклучува центар за ретки раси и соба за час за посетителите. Фармата од 2,8 км² била купена во 1891 од Вилијам Бут, како дел од планот за спасување на сиромашните од нечистотијата на Лондон.
Хадли Фарм гледа кон делтата на реката Темза на југ и го опкружува замокот Хадли, изграден во 1230-тите, во текот на владеењето на кралот Хенри Трети и бил еден од најважните средновековни замоци во Есекс, сега заштитен како англиско богатство од прв степен. Дел од патеката за планинскиот велосипедизам поминува ни блискиот државен парк Хадли, во сопственост и управуван од окружниот совет на Есекс и место од специјален научен интерес со посебно внимание кон безрбетниците.
Олимпијарда 2012
Хадли Фарм било потврдено како место за натпреварувањата во планински велосипедизам во 2008 на Летните олимписки игри 2012.Место во Есекс домаќин на велосипедизмот во 2012 BBC Sport; 11-08-08; 03-12-08London2012.com profile. - 29 септември 2010. Првичното предложено место во државниот парк Вилд било одбиено поради недоволни предизвици од меѓународниот велосипедистички сојуз, додека со Хадли се израдува.Новото место за планински велосипедизам во Есекс е потврдено за Игрите во 2012 Кол, Метју; bikeradar.com; 11-08-08; 03-12-08
Во текот на Олимписките игри ќе бидат подигнати трибини за 3.000 лица.
Сообраќај
Плановите за подобрување на пристапот до местото за Олимпијадата вклучувале проширување на патиштата во Хадли. Местото е околу пет километри оддалечено од аеродромот Лондон Саутленд.
Олимписко наследство
Сè уште не е познато какво наследство ќе остане за планинскиот велосипедизам по настанот.Хадли Фарм London2012.com; 03-12-08 Хадли Фарм е вклучено во плановите за обнова на Есекс.
Наводи
Надворешни врски
Објекти на Лондон 2012: Хадли Фарм Армија на спасот - страница Хадли Фарм Државен парк Хадли Лондон 2012
Категорија:Туристички атракции во Есекс Категорија:Спортски зданија на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Спортски зданија во Есекс Категорија:Олимписки спортски зданија