Црн Камен — село во Општина Виница.
Географија и местоположба Оддалечено е 5 км од градот Виница.
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Во 2002 година во селото имало 107 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 57 Македонци и 1 лице без податоци.
Родови Црн Камен е македонско село.
Родови во селото: Костадиновци (2 к.) доселени се на крајот од XIX век од некое село во Прилепско. Го знаат следното родословие: Пано (жив на 35 г. крајот на 1950-тите) Пешко-Костадин, кој се доселил. Он во местото на старина убил некој Турчин, па затоа најпрво избегал во Пехчево, па преминал во денешното село; Јовевци (1 к.) деленици се од родот Костадиновци; Спасевци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Илиово, Делчевско; Стојчовци или Симоновци (2 к.) доселени се во 1900 година од селото Бигла, Делчевско; Алексовци (6 к.) и Џамбазовци (4 к.) доселени се во 1909 година од селото Безиково.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 329 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 74 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Селимови Ниви — населба од доцноантичкото време. На 2 км северозападно од селото, на еден мал простор се гледаат остатоци од темели на помал објект и градежен материјал: покривни ќерамиди, тули, како и фрагменти од керамички садови. Селски Гробишта — средновековна црква. Од десната страна на патот Кочани-Делчево, во селските гробишта се пронајдени остатоци — темели од црква со димензии од 10 × 5 м.
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Винички села Категорија:Села во Општина Виница Категорија:Дебар (Албанија)