„Мојата Африка“ (англиски: Out of Africa) е американски филм (од жанрот драма) од 1985 година, режиран и продуциран Сидни Полак (Sydney Pollack), а автор на сценариото е Курт Лидке (Kurt Luedtke). Главните улоги ги толкуваат: Роберт Редфорд (Robert Redford), Мерил Стрип (Meryl Streep), Клаус Марија Брандауер (Klaus Maria Brandauer), Мајкл Кичен (Michael Kitchen), Малик Боуенс (Malick Bowens), Мајкл Гоу (Michael Gough) и Сузана Хамилтон (Suzanna Hamilton). Директор на фотографијата е Дејвид Воткин (David Watkin), додека музиката е дело на Џон Бари (John Barry). Филмот е делумно заснован на истоимената автобиографска книга на Икас Динсен (псевдоним на данската писателка Карен Бликсен) од 1937 година. Филмот бил пречекан со позитивни оцени од филмската критика, а денес важи за една од најубавите епски романтични приказни на филмското платно. Филмот освоил 28 филмски награди, меѓу кои и шест „Оскари“ (од вкупно 11 номинации), и тоа во следниве категории: најдобар филм, најдобра фотографија, најдобра музика, најдобро сценарио, најдобра сценографија и најдобар звук. Покрај тоа, филмот освоил три награди „Златен глобус“, како и три награди БАФТА.A Oscara dobiva...: Moja Afrika, američki film (1985.) (пристапено на 4.3.2023)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во Кенија. Во 1913 година, откако еманципираната Карен (ја игра Стрип) се согласува да се омажи за баронот Брор Бликсен (го игра Брандауер), кој е брат-близнак на својот неверен љубовник, таа му се придружува на сопругот, кој има плантажа на кафе во близината на Најроби. Карен мора да се привикне на новиот стил на животот во британската колонија, но веднаш по доаѓањето, таа се запознава со привлечниот ловец Денис Финч Хатон (го игра Редфорд) кој е, исто така, слободоумен. На почетокот, бракот на Карен и Брор е хармоничен, но подоцна тој почнува да се опива и да ја изневерува сопругата. Огорчена од неговото однесување, поради кое таа заболува од сифилис, Карен се зближува со Денис и самата раководи со плантажата, а Брор заминува да живее со друга жена. Некое време, Карен и Денис одржуваат страсна љубовна врска, но еден ден, тој гине во авионска несреќа. Потоа, на фармата на Карен избувнува пожар и така пресушуваат нејзините приходи, па таа е принудена да се врати во Данска.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 1985 година Категорија:Биографски филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на свахилски јазик Категорија:Филмови засновани на вистински настани Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Кенија Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови снимени во Англија Категорија:Филмови снимени во Кенија Категорија:Филмови на Universal Pictures Категорија:Филмови на Сидни Полак Категорија:Филмови со Роберт Редфорд Категорија:Филмови со Мерил Стрип Категорија:Филмови со Клаус Марија Брандауер Категорија:Филмови со Мајкл Кичен Категорија:Филмови со Малик Боуенс Категорија:Филмови со Сузана Хамилтон