Англиски пациент (англиски: The English Patient) — американско-британски филм (драма) од 1996 година, заснован на исотимениот роман од канадскиот писател Сри Ланкан. Филмот бил напишан и режиран од Антони Мингела, а во главните улоги настапуваат: Ралф Фајнс, Жилиет Бинош, Кристин Скот Томас, Вилијам Дефо итн. Во 1997 година, филмот освоил девет „Оскари“, а бил номиниран во вкупно 12 категории, меѓу кои и оние за најдобар филм, за најдобра режија и за најдобра женска споредна улога (Жилиет Бинош).„Трагична и поетична љубовна приказна“, Антена, број 846, 12.9.2014, стр. 3.„Љубовна приказна среде виорот на војната“, Антена, број 873, 20.2.2015, стр. 2. За време на снимањето на филмот бил присутен и писателот на романот.
Содржина Дејтвото на филмот се одвива за време на Втората светска војна и ја прикажува судбината на еден ранет војник, со тешки изгореници по телото, кого сите го нарекуваат „англискиот пациент“. Тој, пак, не сака да открие ништо за себе и за својот живот, но во текот на филмот се прикажани повеќе настани од неговото минато и така се дознава дека тој, всушност, е унгарски географ, грофот Ласло де Алмаси (го игра Фајнс), кој ја цртал картата на Сахара, а врската со една омажена жена (ја игра Скот Томас) го довела до сегашната состојба. Во болницата, за ранетиот војник се грижи медицинската сестра Хана (ја глуми Бинош), чија животна приказна е прикажана во филмот.
Наводи
Надворешни врски
Лазло Алмаси: вистинскиот Англиски пациент
Категорија:Филмови од 1996 година Категорија:Британски филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Филмови на арапски јазик Категорија:Добитници на Оскар за најдобар филм Категорија:Филмови со Ралф Фајнс Категорија:Филмови со Жилиет Бинош Категорија:Филмови со Вилијем Дефо Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови снимени во Рим Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови на Miramax Films