Екипниот спринт за жени на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Велика Британија, се одржал на лондонскиот велопарк на 2 август. Екипниот спринт започнал со квалификации, кога најдобрите осум екипи продолжиле во првото коло (4. против 5., 3. против 6., 2. против 7. и 1. против 8.). Четирите победнички екипи од првото коло се натпреварувале за медали, каде најдобрите две екипи се натпреварувале за злато, додека останатите две екипи се бореле за бронзата. Преостанатите екипи биле сместени од петтото до осмото место според времињата од првото коло.
Кристина Фогел и Миријам Велте од Германија го освоиле златниот медал со време од 32,798 секунди. Кина го освоила сребрениот медал, а Австралија бронзата.
Распоред
Сите времиња се според UTC+1 ДатумВремеКолоЧетврток, 2 август 2012 <b>16:00 <b>Квалификации и финале
Резултати Квалификации
МестоЗемјаВелосипедистиРезултатЗабелешка 1 Гонг ЏинџиеГуо Шуанг 32,447 К, СР 2 Викторија ПендлтонЏесика Варниш 32,526 К, СР* 3 Кристина ФогелМиријам Велте 32,630 К 4 Карли МекулокАна Мирес 32,825 К 5 Ивон ХејгенарВили Канис 33,253 К 6 Санди КлерВиржини Киф 33,638 К 7 Љубов ШуликаОлена Чиос 33,708 К 8 Даниела ЛареалМаријаестела Вилера 34,320 К 9 Ле Еун-ЈиЛе Хие-Јин 34,636 10 Дијана ГарсијаЈулијана Гавирија 34,870
К = квалификувани; СР = светски рекорд Возењето на Варниш и Пендлтон за Велика Британија се случуло пред тоа на Гонг и Гуо од Кина и тие први го урнале светскиот рекорд. Но, веднаш потоа биле поразени од кинеската екипа во следната група.
Прво коло
ГрупаМестоЗемјаРезултатЗабелешка 4 1 32,422 СР 2 2 32,701 1 3 32,806 3 4 33,620 1 5 33,090 2 6 33,707 4 7 34,415 3 8 32,567 РЕЛ*
СР = светски рекорд Велика Британија победила во својата група со време кое биле доволно за натпревар за златото, но ти биле поместени на последното место поради рана измена.
Коло за медали
Натпревар заЕкипаВремеМестоЗабелешка злато 32,798 32,619 РЕЛ* бронза 32,727 33,491 4
Кина имала најдобро време во финалето, но тие биле поместени на второто место поради рана измена.
Наводи
Екипен спринт за жени