Тука води поимот чифлик. За другите значења на поимот, видете ја појаснителната страница.
thumb|235x|Али-паша Јанински, еден од најпознатите управувачи на чифлизи.|alt=Цртеж ма Али-паша од Јанина како пуши луле
Чифлиг (поретко и како чифлик; ; , ) — турски поим за означување на систем за управување со земјата во Отоманското Царство. Пред чифлишкиот систем, во империјата се користел тимарскиот систем. Со почетокот на распадот на империјата, силните воени офицери започнале да бараат земјиштето кои им било доверено на управување од султанот да премине во рацете на нивните синови. Овој систем траел од XVI век па сè до распадот на Отоманското Царство во 1919 година.
Историја
Во Отоманското Царство пред чифлишкиот систем на управување со териториите во примена бил тимарскиот систем, кој овозможувал времено владеење со освоените територии и прибирање на даноците од поданиците и приходите од обработливото и необработливото земјиште за сметка на отоманската држава, што претставувало награда на заслужните офицери во армијата. Ако офицерот починал или се откажал од служба тогаш земјиштето се враќало назад во посед на султанот со цел да се распредели на друго лице. Тимарскоиот систем се применувал од XIV до XVI век. Во 1528 година повеќе од 87% од земјиштето официјално му припаѓало на султанот, остатокот бил во посед на разни религиозни организации.Bideleux-Jeffries 1998, p. 88. Меѓутоа овој систем функционирал сè додека се освојувале нови територии како напредувала отоманската армија во освојувањето. Кога освојувањата запреле во Европа и кога империјата почнала да губи територии, тимарскот систем доживеал колапс.Lampe-Jackson 1982, p. 33.
Претходно, во тимарскиот систем, поданиците живееле во релативно либерален систем. Во чифлишкиот систем, поданиците биле обични слуги, исполичари, морале да слугуваат многу денови кај чифлигџиите и голем процент од приносите на нивните имоти биле одземани. Тоа довело до миграција на поданиците надвор од контрола на чифлигџијата или високо во планините каде што чифлигџиите немале голема контрола и авторитет. Новиот опресивен систем довел и до зголемена поддршка на националните востанија против отоманското ропство на повеќе места на Балканот.
Литература
Белешки
Наводи
- Total pages: 685 - Total pages: 207 - Total pages: 728
Категорија:Економија на Отоманското Царство Категорија:Турски зборови и фрази Категорија:Турцизми