Конопиште — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

До 2004 година, Конопиште претставувал административно седиште на истоимената општина, која ги опфаќала селата во областа Бошава.

Потекло на името Конопиште некогаш го носело името Врбница. Тековното име најверојатно го добило по дивиот коноп којшто расте во изобилство во овој крај.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, во горното сливно подрачје на реката Бошава, на регионалниот пат од Демир Капија за Мариово, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција (северниот дел на Меглен). Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 27 километри.

Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 82 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 5.529 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.551 хектар, а на обработливото земјиште 251 хектар.

Низ селото поминува реката Бошава, кое е сместено на самите падини на планината Кожуф. Достапно е по асфалтен пат од Кавадарци преку висорамнината Витачево и од Демир Капија по земјен пат преку селата Барово и Долна Бошава.

Селото се наоѓа на ниска тераса на десната и осојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има збиен тип и издолжен облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.

Атарот на историското село Градиште е преземен во рамките на утврдениот атар на селото Конопиште.

Историја мини|лево|300п|Бугарски војници во Конопиште, Прва светска војна (15 мај 1918 г.) Подрачјето на Конопиште е населено уште од доцната антика, за што сведочат мноштвото археолошки наоѓалишта во неговиот атар.

Во век, Конопиште било село во Рожденската нахија во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Бугарското воено разузнавање во 1908 г. вели за селото:

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција.

Селаните живееле од стока и од планината. Нивите се ретки и неплодни.

Во селото се полни, прочистува и пакува „Горска Вода“ почнувајќи од 2004 година, од страна на претпријатието „Кодинг“, кое е основано во 1987 година. Производниот погон на претпријатието се наоѓа во близина на изворите кои доаѓат од Кожуф, во селото Конопиште. Станува збор за современо опремена фабрика и капацитет на производство до 200 илјади литри дневно.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Конопиште имало 742 жители, од кои 710 Македонци христијани, 18 Албанци христијани и 14 Роми.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Конопиште имало 920 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.

Од Конопиште потекнува значителна емиграција на населението. Така, селото во 1961 година броело 666 жители, од кои 622 биле Македонци, 35 Срби, петмина Хрвати и двајца жители Црногорци, а во 1994 година само 87 жители, од кои 82 биле Македонци и петмина Срби.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Конопиште живееле 55 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 11 Македонци и 9 останати.

Родови

Конопиште е македонско правослано село.

Како родови во Конопиште се споменуваат: Староседелци: Пулијовци-Бачовци (3 к.), Аврамовци-Китевци (6 к.), Велковци (6 к.), Колчевци-Андовци (2 к.), Чочковци (1 к.), Барјактаровци (2 к.), Миновци (1 к.), Пецовци (6 к.), Кралевци (3 к.), Бојковци-Витановци (2 к.), Крстевци (6 к.), Камчевци (2 к.), Спасевци (1 к.), Ѓетовци (2 к.), Димковци-Лажовци-Андонијовци (6 к.), Чоковци (2 к.), Видевци (2 к.), Грбевци (2 к.), Галевци (2 к.), Шпртевци (2 к.), Мемчевци (2 к.), Еленовци (4 к.) и Гоцовци (5 к.). Доселеници: Арнаути-Илевци-Весковци (7 к.) доселени се однекаде од планина; Лазарковци (1 к.) доселени се од Рожден во почетокот од XIX век; Стојовци (1 к.) дошол дедо Стојо од Клиново во почетокот од XIX век; Џиковци (4 к.) доселени се од селото Бохула; Саблевци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Димитријовци (1 к.) доселени се од селото Марковјани кај Костур (Егејска Македонија) околу 1872 година; Андоновци (2 к.) доселени се од костурско (Егејска Македонија) околу 1877 година; Вангеловци (2 к.) доселени се од селото Омотско кај Костур (Егејска Македонија) во 1877 година; Цуцулешковци (1 к.) доселени се од селото Куманичево околу 1880 година; Павлевци-Шапкарине (1 к.) доселени се од селото Гарниково; Пановци (1 к.) доселени се од селото Катунди кај Корча (Албанија) околу 1886; Илковци (1 к.) доселени се од Мрежичко; Бојковци (1 к.) доселени се од Куманичево; Степановци (1 к.) доселени се од селото Чемерско; Голевци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Анѓелевци (1 к.) и Ѓоргевци (1 к.) доселени се од селото Горна Бошава.

Општествени установи

мини|300п|десно|Центарот за лечење на наркозависници мини|300п|десно|Споменик на НОБ мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Стефан“

Амбуланта Пошта (1437) Центар за лечење на наркозависници, отпочнат со работа во 2005 година

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било административно седиште на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бојанчиште, во која влегувале селата Бојанчиште, Конпиште и Куманичево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Конопиште се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.

Во периодот 1955-1965, селото било седиште на тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0704 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Боздувник — населба од доцноантичко време Градиште — градиште од доцноантичко време Кула - Градот — градиште од доцноантичко време Ливадите — населба од доцноантичко време Равна Нива — населба-збег од доцноантичко време Св. Илија - Марковица — црква и некропола од старохристијанско време

Цркви Црква „Св. Стефан“ — главна селска црква; и Црква „Св. Атанасиј“ — гробјанска црква.

Споменици Споменик на НОБ

Природни реткости Кањите — геолошко наоѓалиште со природни карпести столбови во висина од 20-тина метри

Реки Бошава

Личности

Киро Андонов (1938-1996) — македонски публицист и историограф; Крсте Крстев (1923-1944) - учесник во НОБ; Александар Јошев (1922-1945) - учесник во НОБ; Атанас Диселов (1912-1941) - учесник во НОБ; Крсто Ностов (1925-1944) - учесник во НОБ; Александар Трајков (1922-1945) - учесник во НОБ;

Занимливости

Во хумористичниот серијал „К-15“, ликот Цацко Конопишки е родум од Конопиште.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци Категорија:Споменици на природата на Македонија