Виборг () — значаен град во Данска, поточно во северозападниот дел на државата. Градот е управителен центар на регионот Среден Јитланд, каде со околните населени места претставува општина, Општина Виборг. Денес Виборг има околу 36.000 жители во градот и околу 93.000 жители во поширокото градско подрачје.
Природни услови
Виборг се наоѓа во северозападниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен 320 километри северозападно.
Релјеф: Градот Виборг се наоѓа во северниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 10-45 метри.
Клима: Климата во Виборг е претежно умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води: Виборг се формирал во внатрешноста на Данска. Градот исто така нема излез на река, но во средиштето на градот се наоѓаат две мали езерца, Јужно и Северно езеро.
Историја Подрачјето Виборг било населено уште во ремето на праисторијата. Се претпоставува дека населбата ја основале Викинзите, а првпат населбата се споменува во 961 година. Од 1100 година се градски и градскиот соборен храм.
И поред И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население Денес ВИборг има околу 36.000 жители во градските граници и околу 93.000 со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Виборг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
viborg.dk Официјално мрежно место на Виборг
Категорија:Градови во Данска