Мауро Сантамброџо (; р. во Ерба) — италијански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за професионалната континентална екипа .
Кариера
Откако го напуштил БМЦ на крајот на сезоната 2012, Сантамброџо ѝ се приклучил на екипата . Имал изненадувачки почетоко на сезоната, завршувајќи шести на Тур де Сан Луис, седми на Тирено-Адријатико и победил на ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано во услови на пороен дожд. Се одвоил од групата со Патрик Зинкевиц, но Зинкевиц паднал на 2 километри пред целта, по што Сантамброџо продолжил сам до целта и до победа на трката. Потоа, Сантамброџо завршил втор во генералниот пласман на Џиро дел Трентино. На Џиро д’Италија, Сантамброџо ја освоил етапата 14 откако нападнал со предводникот на трката Винченцо Нибали, искачувајќи се на четвртото место во генералниот пласман и само една секунда од место на подиумот зад Ригоберто Уран. Меѓутоа, формата на Сантамброџо ослабела и на крајот завршил деветти во генералниот пласман. Изненадувачките резултати на Сантамброџо предизвикале озборувања помеѓу групата за допинг во почетокот на трката.
На 3 јуни 2013 било објавено дека Сантамброџо бил позитивен на тестот за еритропоетин (ЕПО) по првата етапа на Џиро д’Италија. Ова се случило неколку недели откако неговиот колега Данило ди Лука бил исфрлен од Џиро поради позитивен тест на истото средство. Сантамброџо бил исто така исфрлен од екипата.
Достигнувања
2004 2. Тур ду Лак Леман 5. Штаузе-Рундфарт 8. ГП дела Коста Етруски 2005 1. Џиро дел Лаго Маџоре 3. Друмска трка на Средоземните игри 3. Џиро дел Мендрисиото 5. Меморијал Кимури 7. Копа Сабатини 7. Копа Плаки 2009 1. Краен пласман Тре Вали Варезине 2. Копа Агостини 8. Краен пласман Тур Даун Андер 2010 2. Копа Агостини 5. ГП Уест Франција-Плуе 8. Џиро ди Ломбардија 2011 2. Џиро дела Тоскана 2012 4. Џиро ди Ломбардија 6. Класика де Сан Себастијан 2013 1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 2. Краен пласман Џиро дел Трентино 3. Трофео Лаигвелја 5. Гран Премио Чита ди Камаиоре 6. Краен пласман Тур де Сан Луис 7. Краен пласман Тирено-Адријатико
Распоред на резултати на Гранд Тур
Гранд Тур200820092010201120122013201420п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија ЏироСО—СОСО86ДСК—20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур—132СО————20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта121——8858——
СО = се откажал; ДСК = дисквалификуван
Наводи
Надворешни врски
Достигнувања на Cycling Base
Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански етапни победници на Џиро д’Италија