мини|280п|д|Аалборг, главниот град на регионот мини|280п|д|Општини во рамките на регионот Северен Јитланд или Северна Данска — еден од 5-те региони на Данска, сместен во северниот дел на државата. Управното седиште е градот Олборг, кој е истовремено и најголем.

Положба и граници Северна Данска ги опфаќа јужниот и северниот дел на Данска, додека со поголем дел се простира на копното, а со помал дел на островите. Границите на регионот се: север: проток Скагерак исток: проток Категат југ: Среден Јитланд запад: Северно Море.

Природни услови Северен Јитланд со поголемиот западен дел се простира на копно, т.е. на полуостровот Јитланд, додека на исток единствен значаен „вистински“ остров е островот Лесе. Поточно најголем остров е Севернојиландски Остров, кој со копното е одделен со плитни и тесни внатрешни заливи, залив на Северно Море, Лимски Фјорд. Даденото место настанало во втората половина на 19 век, со провала на морето во дотогашното езеро, па така некогашниот полуостров станал остров. Меѓутоа, дадениот простор сообраќајно останал поврзан со копното па во секојдневието сѐ уште се смета за негов составен дел.

И копнениот и островскиот дел се претежно рамничарски со надморска височина до 40 м (јутоисток на регионот). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Во крајбрежното подрачје има доста мочуришта, додека поголемиот дел е под земјоделско одгледување.

Население Според последниот попис на населението од 2010 година во регионот Северен Јитланд живеат околу 580.000 жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а населението е претежно рурално, за разлика од целиот државен просек.

Густина на населеност на регионот е близу 75 жит/км2 што е значително под државниот просек (127 ж/км2). Југоисточниот дел на регионот е подобро населен за разлика од останатиот дел.

Општини Во Северен Јитланд има 11 општини, и тоа: Брендерслев Вестхимерланд Јамербугт Лесе Маријагерфјорд Морсе Ребилд Аалборг Тистед Фредериксхавн Јеринг

Градови Позначајни градови во Северен Јитланд се: Олборг (главен град) Јеринг Фредериксхавн

Поврзано Аалборг

Надворешни врски

www.rn.dk Портал на регионот

Категорија:Региони во Данска

Категорија:Јитланд Категорија:Држави и територии настанати во 2007 година