Сали Мунтари (роден на во ) — гански фудбалер, играч од средниот ред на Пескара.
Неговите квалитети биле забележани уште од најрана возраст, кога играл за Либерти Профешналс. На 16 години станал член на младиот фудбалски тим на Гана, стигнувајќи до финале во Светското првенство во Аргентина за млади, каде Гана била поразена од домекинот Аргентина.
По овој турнир бил повикан во ФК Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа што иало интерес од екипата од Манчестер, Мунтари решил да замине во ФК Удинезе. Во 2001 година потпишал за екипата од Удине, за да следната година заигра за првиот тим. По поминати пет сезони во Удинезе, во 2007 година потпишал за ФК Портсмут. По една сезона во Премиер Лигата.
Во 2008 година потпишал за ФК Интер со кој тим го освоил Скудето, Суперкупот на Италија и Лигата на шампиони.
Во 2012 година би даден на позајмица во ФК Милан, за да по крајот на сезоната потпише договор. Во 2015 година потпишал за клубот од Саудиска Арабија, ФК Ал Итихад. Во јануари 2017 се вратил во Италија потпишувајќи шест месечен договор со Пескара.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери на ФК Портсмут Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Пескара Категорија:Гански фудбалери Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери од Премиер Лига